fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Аргумент: Организирано изразување

Ве покануваме на деветото издание на јавниот дебатен настан Аргумент: Организирано изразување, што ќе се одржи во вторник (5 ноември) 2019, со почеток во 19 часот, во Кино Фросина – Младински Културен Центар. Оваа година, Младинскиот образовен форум (МОФ) ја организира дебатата во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Тезата на коja заеднички и организирано ќе дискутираме гласи:

„ОВОЈ ДОМ ВЕРУВА ДЕКА ДРЖАВАТА (НЕ) ПРЕЗЕМА СООДВЕТНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО“

Дебатираат:

Афирмативен тим [тим кој ја поддржува тезата]:

Јани Макрадули, заменик министер за животна средина

Горан Ангелов, директор на депонијата „Дрисла“

Негациски тим [тим кој ја оспорува тезата]:

Невена Георгиевска, О2 Иницијатива

Стојан Велков, граѓанска иницијатива „Здрава котлина“

Аргумент: Организирано изразување е целовечерен дебатен настан чија цел e да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорeње во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелна општествено-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје.

Лице за контакт:

Теодора Столевска – ; 078 421 570