fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ИКС ја најавува Неделата против лажните вести 2019

Институтот за комуникациски студии (ИКС) втора година по ред ја организира Неделата против лажните вести. Ќе информираме, едуцираме, дискутираме како да се бориме против лажните вести и дезинформациите преку обуки, вебинари, дискусии, онлајн квизови, анимирани видеа и други едукативни ресурси.Целта на Неделата против лажните вести е да се поттикне критичкото размислување и да им се понудат алатки на граѓаните со кои ќе можат полесно ќе ги препознаат и да се заштитат од лажните вести, манипулациите и дезинформациите.

Во рамките на Неделата против лажните вести ИКС ќе организира четири обуки, два вебинара и панел дискусија на тема „Младите и онлајн конзумеризмот“, а ќе се објават и нови сведоштва од серијалот „И новинарите грешат“.

Оваа година Неделата против лажните вести се приклучува кон Деновите на медиумска писменост кои ги организира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Неделата против лажните вести е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го реализираат Македонскиот институт за медиуми, ИКС, Синдикатот на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот е финансиран од Европската Унија.