fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Работилница за блогирање и аргументирано пишување

ИКС организира еднодневна работилница со потенцијални автори на тема „Академско блогирање“ на 28 септември (петок), со почеток од 9:30 часот. Работилницата ќе биде водена од професорка на Универзитетот на Источна Англија (UEA) и домашни експерти, а ќе се фокусира на техники и совети за пишување на академски блогови.

Работилницата се организира за припадници на албанската заедница во Македонија кои имаат интерес да дебатираат и да се изразуваат за теми како што се: политичка комуникација, демократските процеси во земјата, евроатлантска интеграција и останати прашања релевантни за социо-политичкото опкружување во земјава. Воедно, истата прилика ќе се искористи како средба за вмрежување со заинтересираните автори со кои би соработувале во наредниот период.

Учесниците ќе бидат запознаени со различните техники на пишување на академски блогови и ќе имаат можност да станат член на тимот на автори на Res Publica, академски блог кој го води ИКС.

Дополнително, Рес Публика оваа година воспоставува соработка со слични блогови и веб-портали од регионот (Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ) што креира простор за објавување на блоговите на авторите на Рес Публика на веб портали од регионот.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се на работилницата со испраќање мејл на со име и презиме и телефонски број за контакт.

Агендата на работилницата можете да ја погледнете тука.