fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ResPublica подкаст: Како се трошат студентските пари?

Финансискиот извештај на Студентскиот парламент за 2014 и 2015 година покажал дека околу 43.000 евра се потрошени за лични патувања во Русија, Азербејџан, Грузија…, за телефонски разговори и до 1.000 евра, за организирање забави, па дури и за купување виски. Иако Студентскиот парламент е регистриран како невладина организација, сите студенти мораат да уплаќаат на неговата сметка, а не знаат како се трошат нивните пари. Оваа студентска организација не ги поддржува студентите за учество на меѓународни натпревари, семинари и други настани, па тие се приморани да се финансираат сами. ResPublica видео подкаст со студентите на УКИМ Теодора Столевска и Горан Таневски.