fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за прибирање понуди за ангажирање графички дизајнер

Институтот за комуникациски студии објавува повик за прибирање понуди за хонорарен ангажман на графички дизајнер со вештини за:

• Изработка на визуелен идентитет и логоа
• Веб-банери
• Банери
• Постери, флаери и графикони
• Инфографици
• Креирање анимирани видеа

Кандидатите треба да имаат општо познавање од следниве програми:

• Adobe InDesign
• Adobe After Effects
• Adobe Illustrator
• Adobe Photoshop
• Adobe Flash
• Maya
• CorelDraw
• Adobe Premier

Повикот е отворен до 15 септември, 2016 година.

Заинтересираните кандидатите треба да испратат кратка биографија и најмалку три примери од изработени производи од претходна работа (пожелно е еден да биде видео клип/видео анимација).

Кратката биографија и материјалите испратете ги на е-маил: ;

Лице за контакт:
Лејла Шабан
02 30 90 004