fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Приклучи се на блогерите за јавен интерес

Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica ги повикува сите професори, студенти, медиумски и политички експерти, јавни службеници и други професионалци да се приклучат на иницијативата со пишување на академски блогови за теми за кои имаат докажана експертиза и искуство. Со блоговите треба да се подобри разбирањето кај јавноста за актуелните проблеми во општеството и да се понудат одржливи решенија содржани во академски статии и истражувања.

Сите заинтересирани можат да се приклучат на професионалната мрежа на блогери која секој месец ќе предлага, анализира и пишува за теми од различни општествени области. Авторот треба да предложи тема или да испрати сопствен текст на веќе определена тема во Word документ, со своја фотографија и куса биографија на

Темите за академски блогови за месец октомври се следните:

  • Има ли функционалност во работата на Собранието по враќањето на опозицијата?
  • Деинституционализација во преговорите за извештајот на Прибе
  • Промена на изборниот модел – партиска математика или реално решение?
  • Буџетска транспарентност – предлог буџетот и процесот на донесување
  • Дали државното рекламирање во медиумите во Македонија е јавна кампања?
  • Политичко рекламирање во медиумите за време на изборите – да или не?
  • Студентски собири и избори за промени на студентскиот стандард
  • Граѓаните го штитат јавниот простор со протести
  • Зголемено загадување – кој е изворот и како да се намали пред зимската сезона?
  • Амнестијата на осудениците VS злоупотребата на притворот

Пред пишувањето на блогот, авторите треба да се запознаат со насоките за блогирање, дополнителните ресурси, правилата за уредување и за преземање и коментирање. Поднесените текстови ќе ги разгледува Уредувачкиот одбор кој има право да даде сугестии за подобрување на академскиот блог во делот на аргументирањето, стилот, структурата и референцирањето, а врз чија основа авторите ќе треба да го направат конечното уредување на текстот.

Блоговите ќе бидат споделувани на социјалните медиуми на ResPulica и реобјавувани од медиумите партнери на иницијативата.

ResPublica се реализира во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, што го реализира Институтот за комуникациски студии, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје.