fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Промовиран е проектот „Изразување на јавниот интерес“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска го промовираше проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, кој има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и на медиумските професионалци за значењето на јавниот интерес во одржувањето на принципите на доброто управување.

Оваа главна цел ИКС ќе ја постигне преку три компоненти: (1) креирање документи за јавни политики и организирање дебати за истите, (2) развивање упатства за уредувачка политика кои ќе им помогнат на редакциите и медиумските професионалци да вршат новинарство кое ќе му служи на јавниот интерес и (3) ќе ги поттикнува граѓаните и експертите активно да се вклучат во јавната дебата за прашања од јавен интерес преку иницијатива за дигитално граѓанство Res Publica.

Уважувајќи ја улогата на новинарската професија преку навремено, транспарентно, инклузивно и професионално известување преку која се штитат интересите на јавноста, ИКС ја интензивира соработката со медиумите во Македонија преку повеќе активности. Дванаесет медиуми во Македонија изразија подготвеност да учествуваат во овој проект преку: (1) отворена поддршка и известување за активностите кои треба да допрат до различни публики за да ги поттикне во дебатата за прашања од јавен интерес и (2) нивно активно учество во претстојниот процес за креирање упатства за уредувачка политика и новинарство од јавен интерес, вклучувајќи го и тестот за јавен интерес во новинарството. Затоа, денеска, националните телевизии „Телма“, „Алсат-М“, „24 Вести“, националното радио „Канал 77“, дневните весници „Вест“, „Нова Македонија“, „Утрински весник“, „Коха“, неделникот „Фокус“ и информативните веб-страници „Нова ТВ“, „Фактор.мк“ и „Мкд.мк“ потпишаа Меморандум за соработка со ИКС во реализација на поставените цели.

Институтот за комуникациски студии денеска го промовираше академскиот блог www.respublica.edu.mk, кој е дел од иницијативата за дигитално граѓанство Res Publica. Целта на оваа активност е да се стимулира дебатата за прашања од јавен интерес, при што професори, медиумски и политички експерти, новинари, студенти, јавни службеници и други професионалци преку блогови ќе ги изразат своите ставови за актуелни прашања од јавен интерес.