fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Глобални односи

Втор семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

проф. д-р Весна Шопар

  Опис на предметот

Светот на меѓусебната поврзаност и зависност ќе го изучуваш во предметот Глобални односи. Кои се еконoмските, политичките, општествените, идеолошките и технолошките димензии на глобалните односи? Кои се нивните позитивни и негативни аспекти? Какво е нивното влијание врз општеството, државата и деловната политика?

Што ќе научиш
  • Ќе ги разбираш различните аспекти на глобалната меѓусебна поврзаност (економска, политичка, културна, медиумска) и нејзината испреплетеност со интеркултурните успешни деловни практики, како во локален, така и во интернационален контекст;
  • Ќе можеш критички да ја промислуваш улогата на глобалните комуникации, особено во меѓународните односи, меѓународниот бизнис и меѓукултурните односи.
 
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Шопар В., Свет на меѓусебна поврзано и меѓусебна зависност, авторизирани предавања, 2013