fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Уредувачка политика

Прв семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

доц. д-р Марина Тунева

  Опис на предметот

Предметот има за цел да ги научи студентите на важноста на поставување, подобрување и набљудување на највисоките професионални стандарди, принципи и вредности како внатрешен кодекс на однесување на секоја медиумска компанија. Тој е фокусиран на етиката во медиумите од менаџерска гледна точка, оспособувајќи ги менаџерите да можат да ги следат последните трендови во новите медиуми и да бидат подготвени за новото 2.0 новинарство.

Што ќе научиш
  • Ќе знаеш да ги поставиш и унапредуваш професионалните стандарди, принципи и вредноси на една медиумска компанија;
  • Ќе умееш да изградиш уредувачки интегритет, независен од политички и економски интереси и притисоци;
  • Ќе ги следиш последните трендови во новите медиуми и ќе бидеш подготвен/а за новото новинарство и предизвиците со кои се соочува.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Journalism ethics, Martin Hirst, Roger Patching, 2005  Oxford university

Медиумската сопственост и нејзиното влијание врз независноста на медиумите и плурализмот, Сандра Хрватин, 2004 , Медиумски институт за медиуми

Телевизијата во Европа-прописи,политика и независност, Open society institute, 2005

Vous dire la verite, Aidan White, 2010  Victoires editions

Бизнисот во етиката, етиката во бизнисот, Снежана Трпевска, Јоана Авадани, Мануела Протеаса 2005, Македонски институт за медиуми

Media the business of ethics,the ethics of business, Center for independet journalism, Bucharest 2005

Understanding public opinion, Barbara Norrander, Clyde Wilcox, 2002  CQ Press