fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Медиумско претприемништво (изборен)

Втор семестар

5 недели

7 ЕКТС кредити

научен соработник д-р Мери Каранфиловска

  Опис на предметот

Овој предмет ќе те воведе во основите на претприемништвото и во принципите на развивањето на деловен потфат и бизнис план во медиумската сфера. Во предметот се испреплетени генералните концепти на претприемништвото со спецификите на медиумскиот бизнис, а посебно со начинот на кој Интернет и новите технологии ја трансформираат медиумската економија. Опфатени се и сите правни и финансиски аспекти и предуслови за започнувањето нов медиумски потфат во македонското опкружување.

Што ќе научиш
  • Ќе знаеш да го опишеш и анализираш сопственото медиумско опкружување со цел да започнеш нов медиумски потфат;
  • Ќе умееш да изработиш бизнис план за нов медиумски потфат, имајќи ги предвид спецификите на одделните бизнис модели во медиумската индустрија, при што планот ќе вклучува и целосен маркетинг план;
  • Ќе стекнеш знаења и вештини карактеристични за еден успешен претприемач во медиумската сфера.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Роберт А. Барон, Скот А. Шејн, Претприемништво процес со перспектива, Кочани: Генекс, 2011

Mike McKeever, How to Write a Business Plan, NOLO, 2010