fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Дигитална и аудиовизуелна култура

Прв семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

вон. проф. д-р Сефер Тахири

  Опис на предметот

Преку предметот се проучуваат главните теории на дигиталната култура и медиумите и се воведуваат различни социјални, уметнички, теоретски и културни практики што ја сочинуваат денешната дигитална сфера и виртуелно опкружување. Предметот создава основа за разбирање на аналогната и дигиталната аудиовизуелна естетика и теорија.

Што ќе научиш
  • Ќе умееш да ги анализираш продуктите во новите медиуми;
  • Ќе научиш да ја анализираш и толкуваш зголемената визуелизација на современата култура;
  • Ќе развиеш визуелни и вербални вештини за набљудување, анализирање, опишување и критикување на аудио-визуелните слики.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Дизајн на интеракција, Шарл Роџер- Прис, 2010  Арс Ламина

Thinking visually, Mark Wigan, 2006  AVA Publising SA

Бахтин и визуелната уметност, Дебора Џ. Хејнс, 2012​  Европа 92

Designing brand identity, Alina Wheeler, 2006  John Wiley

Уметност мината, уметност сегашна, Дејвид Г. Вилкинс, Бернард Шулц, Кетрин М. Линдаф, 2009  Нампрес

И​стории на медиумска уметност, Оливер Грау, 2009  MIT Press

Историја на модерната уметност, Х.Х Харисон, 2009  Нампрес