fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Организирање настани

Брзиот развој на настаните доведе до формирање на препознатлива индустрија. Како расте потребата за организирање настани кај компаниите, организациите и институциите, како се зголемуваат буџетите за настани и логистиката станува посложена, така се појави потребата за квалификувани професионалци и можности за вработување луѓе во оваа област. Mенаџерите на настани можат да доаѓаат од различни области, а со специјализирани обуки можат да ги прошират постоечките и да изградат нови вештини за целокупно управување на настани.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) нуди прилагодени обуки за поединци и организации со кои се добиваат знаења и вештини потребни за менаџер на настани, како што се способности за комуницирање, разбирање на организациските цели и деловното опкружување, флексибилност и адаптибилност. Стекнете вештини да преземете поголема одговорност, да придонесете за работењето во тим и да се справите со неизвесност и изненадување. Вашата успешна кариера зависи од идентификувањето на вашите способности и интереси и нивно внимателно приспособување со потребите на потенцијалните работодавци и соработници.

Исто така, ИКС ја нуди својата стручност и експертиза за осмислување и организирање високопрофесионални настани кои најдобро ќе одговараат на барањата на вашата организација и специфичната ситуација.