Сакате да промовирате нови производи или услуги на вашата компанија? Сакате да најавите нови програми или нови мрежи на соработка на вашата организација? Институтот за комуникациски студии развива планови и обуки за кампањи, кои ќе ви помогне вашата организација да ги допре клучните целни групи и да предизвика промена на определено однесување или мислење, или пак да го задржи и поттикне позитивното однесување. Искористете ја нашата експертиза и создадете кампања преку која ќе ги пренесете правилните пораки до соодветните целните групи, во вистинскиот временски период.
За потребите на вашата организација, ИКС може да испланира и спроведе координирани активности за конкретно влијание врз процесот на донесување одлуки во определена област. За таа цел, вршиме анализа на владините политики и закони, политичките трендови и идеи, како и меѓународните конвенции и регулативи во дадената област. Потоа, развиваме кампања која ќе вклучува публицитет, организирање настани и користење различни тактики за подигнување на јавната свест. Нашиот тим на експерти може да ви помогне да воспоставите добри односи со медиумите и со јавнста и за вашите потреби да продуцира различни медиумски производи. Преку процесот на лобирање, пак, ИКС може да ви помогне во убедувањето на носителите на одлуки во законодавната, извршната и локалната власт, во врска со усвојувањето на одредена мерка, закон или друга регулатива.