fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Основи на модерните односи со јавноста

Прв семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

вон. проф. д-р Јасмина Миронски

  Опис на предметот

Каква е вредноста на односите со јавноста за организациите од секаков вид? Дали односите со јавноста се поврзани со убедувањето и со пропагандата? Дали постои консензус за тоа што се односите со јавноста? Низ овие тековни теми и дискусии ќе те води предметот Основи на модерните односи со јавноста, кој обезбедува увид во теоретските пристапи и во разни идеи за тоа како да се вршат односите со јавноста.

Што ќе научиш
  • Ќе го анализираш придонесот на односите со јавноста во специфични дилеми за „лажните вести“, тајното лобирање и злоупотребата на социјалните медиуми;
  • Ќе ги анализираш кодексите на професионалните тела и нивната важност за етичките дилеми на односите со јавноста;
  • Ќе ги знаеш компонентите на пропаганда и убедлива комуникација и нивната примена за комуникациска кампања;
  • Ќе ја анализираш примената на односите со јавноста во јавниот, корпоративниот и невладиниот сектор;
  • Ќе го анализираш и применуваш интеркултурниот и мултикултурниот контекст за односи со јавноста.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Tench R., Yeomans L. (2013). Exploing Public Relations (3rd ed.). Pearson Education, Tench, Ralph, Yeomans, Liz_Pearson Education Limited

Theaker А. (2011). The Public Relations Handbook. Routledge.

Robert  Heath L. Р., (2004). Encyclopedia of Public Relations. Sage Publications, Inc.