fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Методи на истражување

Четврти семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

вон. проф. д-р Љупчо Ефремов

  Опис на предметот

Во овој предмет ќе се запознаеш со​ најважните елементи на планот за истражување што треба да го реализираш како дел од твојата магистерска работа. Знаењата што ќе ги стекнеш се подеднакво корисни и при реализацијата на помал истражувачки проект со кој се собираат емпириски податоци и при секундарна анализа на податоци од други спроведени истражувања.

Што ќе научиш
  • Ќе умееш да дизајнираш план за истражување;
  • Ќе умееш да конструираш прашалник за анкета, насоки за длабинско интервју и за фокусни групи и кодна рамка за анализа на содржина;
  • Ќе знаеш како да собираш и евалуираш секундарни податоци;
  • Ќе умееш да ги интерпретираш собраните податоци, да направиш истражувачки извештај и усно да ги презентираш истражувачките резултати.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Трпевска, Снежана (2011) Истражување и прибирање информации, (авторизирани предавања), Скопје: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

Bryman, A. (2009), Social Research Methods, Oxford University Press.

Wimmer, Roger D., and Dominick, Joseph R. (2011), Mass Media Research, An Introduction (8th Edition), Thomson Wadsworth Publishing Co.: Belmont, CA. (електронско издание)

Stacks, D. W. (2011) Primer of Public Relations Research, Second edition, New York: The Guilford Press.

Austin, Е.W., Pinkleton, B.E. (2010) Strategic Public Relations Management: Planning and Managing Effective Communication Programs, Second edition, London: Lawrence Erlbaum Associates, Publishers.