fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Иновативен менаџмент и претприемништво (изборен)

Прв семестар

5 недели

7 ЕКТС кредити

вон. проф. д-р Анита Мачек

  Опис на предметот

Овој предмет ќе те воведе во природата на иновативниот менаџмент и претприемништвото. Акцентот е ставен на карактеристиките на претприемачите, принципите на претприемништвото и потребата на иновации во претприемништвото и менаџментот. Останатите теми во предметот се однесуваат на окружувањето во бизнисот, економијата базирана на знаење, иновативните бизнис модели и физибилити анализата.

Што ќе научиш
  • Ќе ги знаеш и разбираш основните принципи и карактеристики на претприемништвото;
  • Ќе стекнеш разбирање за економијата базирана на знаење;
  • Ќе разбираш нови деловни модели;
  • Ќе можеш да подготват бизнис план, сценарија за нивно пишување и анализа на изводливост.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Burns, P. (2014) New Venture Creation

Amit, Raphael and Christoph Zott (2010). “Business model Innovation: Creating Value in times of change”. Working paper, July 2010. IESE, University of Navarra.

Rodney Overton. Feasibility studies – made simple. E-book. 2007. 110 pages (Getting started, p. 4-14; Writing your study.)