Кои сме ние?
Институтот за комуникациски студии (ИКС) е непрофитна научно-истражувачка организација, основана во 2012 година. Институтот е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Портфолиото на институтот се состои од нудење на магистерски студии, спроведување на научни истражувања во рамките на комуникациите и медиумите, спроведување на проекти и кампањи, како и давање на консултантски услуги кон трети страни. Од 2017 година, Високата школа за новинарство и односи со јавност и Институтот за комуникациски студии се споија во една организација и продолжија да работат под името на Институтот.
Нашата мисија е
Нашата визија е
Области на експертиза
Институтот за комуникациски студии го гледа општеството како меѓусебно поврзан систем и затоа користи интердисциплинарен пристап во својата работа, покривајќи широк опсег на области. Нашите силни страни се:
ИКС има долгогодишно искуство во развојот на наставните планови за додипломски студии, магистерски студии, специјалистички професионални студии и професионални курсеви по новинарство, медиумски менаџмент, односи со јавноста и стратешко комуницирање. Покрај тоа, ИКС редовно организира работилници и обуки за новинарство, медиумска писменост, академско блогирање, односи со јавност, комуникација со социјални медиуми, кампањи од јавен интерес, фотографија и сл.
Развивање стратегии за комуникација
Институтот се истакнува во развојот на стратегиската комуникација. Како дел од нашите консултантски активности, развиваме комуникациски стратегии, планови за комуникација во кризи, кампањи и планови за социјални медиуми за нашите клиенти. Институтот организира обуки, семинари и работилници за односи со јавноста, стратегиски и кризен менаџмент, социјални медиуми итн.
ИКС произведува кратки документарни филмови, подкасти, влогови, образовни и информативни видеа, мултимедијални приказни, видео вести и прашања и одговори (Q&A). Освен видео продукцијата, ИКС објавува новински статии, истражувачки приказни, фељтони, фото приказни и блогови на 5 веб-страници и 9 различни социјални медиумски профили. Институтот изработува и квизови, гифови, инфографкони, интерактивни фотографии, графици, едукативни фото-објави, постери и други видови интерактивна содржина.
Институтот има искуство во развивање меѓународни онлајн програми (e-PROFMAN и MicroMasters) кои се дизајнирани да ги задоволат потребите на меѓународниот пазар и да го олеснат пристапот до висококвалитетни програми за професионален развој преку виртуелна мобилност. ИКС има големо производство на медиумски содржини, кое вклучува бесплатни онлајн образовни ресурси и материјали за учење релевантни за различни области на својата работа. Нашите онлајн ресурси вклучуваат онлајн публикации, упатства, алатки, блогови, видеа итн.
Институтот создава и спроведува кампањи за јавен интерес. ИКС ја спроведува кампањата за заштита на животната средина „Не игнорирај! Реагирај!“ во соработка со универзитети, невладини организации, граѓански иницијативи и медиуми. Преку медиумските содржини објавени на своите веб-страници и страниците на социјалните медиуми, ИКС ги поттикнува институциите да бидат отчетни, транспарентни и одговорни.
Тимот на ИКС има големо искуство во планирање и водење настани. ИКС организира меѓународни конференции, форуми и панел дискусии, семинари, обуки, работилници, едукативни кампови и тури и промотивни настани.