За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Минатата недела, ИКС го одржа вториот состанок на координативното тело чија цел е да придонесе кон дефинирање на поефикасни политики и практики во справувањето со СММИ и зајакнување на демократската стабилност во земјата.

Звукот на тракторот го означи почетокот на работниот ден во овоштарникот на Головодовски. Насадите со јаболка се лоцирани во Златари, во непосредна близина на Ресен, а главен на тимот е сопственикот Влатко.

Сајбер-безбедноста, информираноста, дезинформациите и странското влијание врз изборните процеси беа во фокусот на дебатата што се одржа на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Трудовите објавени во КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации можат да се фокусираат области од социолошки, психолошки, политички, лингвистички и технолошки перспективи.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го започна проектот „FutureLit: Подготвени за иднината – дигитално писмени млади“, поддржан од програмата Еразмус+ за партнерства во високото образование.