fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Министерството за економија ги повлече измените на Законот за минерални суровини од скратена собраниска постапка после притисокот од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, составена од 48 граѓански организации, високообразовани институции и медиуми. Алијансата „Разбистри сè“ бара од Министерството за економија да ги вклучи експертската јавност и сите заинтересирани граѓани во процесот на креирање и усвојување на законот и да им овозможи да дадат предлози за подобрувања на законскиот текст. Алијансата „Разбистри сè“ стои на располагање на Министерството за економија заедно да организираат јавна расправа и консултации со што е можно повеќе страни кои се засегнати од одредбите на Законот

Институтот за комуникациски студии (ИКС) е награден со обновена Европска Повелба за Високото образование за периодот 2021-2027, и со тоа останува во Еразмус+ фамилијата на европски високообразовни институции.

Граѓански организации, високообразовни институции и експерти се противат на измените на Законот за минерални суровини кои Владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за наредниот понеделник по скратена постапка, нетранспарентнo, без претходна јавна расправа и вклучување на јавноста. Тие реагираат дека предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.

Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во Македонија во однос на заштитата на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од минатата година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) во партнерство со Македонско еколошко друштво (МЕД) ги избра шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа) ќе спроведуваат иницијативи за решавање на локални проблеми за заштита на животната средина.

Кампањата во текот на наредната година ќе се фокусира на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси.