fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Питката вода за пиење неконтролирано се троши и од компании, и од институции и од граѓаните на Скопје. Индустриски објекти користат вода колку жителите на неколку општини во градот. Се прскаат тревници, се наводнуваат бавчи, се приклучува на диво на водоводната мрежа.

Мал број инспектори и недостаток на опрема за работа, несоодветни кадри во Инспекторатот за шумарство и ловство, Шумската полиција и Шумочуварските служби, како и недоволни контролни механизми при сечата на дрва. Ова се некои од проблемите кои го ограничуваат ефективниот надзор врз управувањето со шумите, беше речено денеска на панел дискусијата „Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“, која ја организираше Асоцијацијата за демократски иницијативи во соработка со Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата „Разбистри сè“.

„На училиште учиме за екологија, за загадување на почва, на вода… Ама тоа го учиме на вообичаениот начин – преку теоретско предавање на професорот. Но, вака, од терен, сосема е друго учењето!“, вели Александра Трајче, средношколка во училиштето „Цар Самоил“ од Ресен откога ја посети Мониторинг станицата за Преспанското езеро. Таа е една од 15-тината средношколци кои заедно со нивната професорка Елена Дамовска Маркоска и со истражувачите од Мониторинг станицата во Стење ќе го проверуваат квалитетот на водата во езерото во кое се капат откога се родени.

Околу 1,7 милијарди евра инвестиции се потребни за пречистување на урбаните отпадни води кои сега директно се испуштаат во реките, езерата и почвите. Водата е ресурс што неограничено се троши, а надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Северна Македонија.

Забрзувањето на темпото на економски раст и развој беше придружено со деградација на животната средина во Северна Македонија, но и во земјите од регионот. Економскиот и инвестициски план, заедно со Зелената агенда за Западен Балкан, ја утврдија стратегијата за зелена транзиција на земјите од регионот.

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, ве покануваат на отвореното онлајн предавање „Охридско Езеро - како да се заштити заштитеното?“, во четврток (25.2.) во 18:30 часот на Зум.