fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Стратегиски комуникации и кризно комуницирање

Прв семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

научен соработник д-р Жанета Трајкоска; виш предавач, м-р Пеѓа Ашанин Голе

  Опис на предметот

Истражи ги комуникациските концепти и стекни вештини кои ќе ја зголемат твојата ефикасност како лидер и справувањето со криза. Пред​метот Стратегиски комуникации и кризно комуницирање го изучува практикувањето на стратегиската комуникација како менаџмент функција. Предметот се фокусира посеб​но на управувањето со ситуациите и на кризното комуницирање.

Што ќе научиш
  • Ќе го анализираш придонесот на односите со јавноста во специфични дилеми за „лажните вести“, тајното лобирање и злоупотребата на социјалните медиуми;
  • Ќе ги анализираш кодексите на професионалните тела и нивната важност за етичките дилеми на односите со јавноста;
  • Ќе ги знаеш компонентите на пропаганда и убедлива комуникација и нивната примена за комуникациска кампања;
  • Ќе ја анализираш примената на односите со јавноста во јавниот, корпоративниот и невладиниот сектор;
  • Ќе го анализираш и применуваш интеркултурниот и мултикултурниот контекст за односи со јавноста.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Anthonissen, P. F. (ed.)(2008)  Crisis Communication : Practical Public Relations Strategies for Reputation Management and Company Survival. London and Philadelphia, Kogan Page;

Argenti, P. A., Howell, R. A., Beck, K. A. (2005) The Strategic Communication Imperative. MIT Sloan Management Review, 46(3)

Coombs, W. T. &  Holladay, S. J. (eds)(2010). The Handbook of Crisis Communication. Malden, Oxford: Wiley-Blackwell

Coombs, W. T. (2013). Crisis Management and Communications (Updated September 2014).

Cutlip, S. M., Center, A. H. and Broom, G. M. (2006) “Management process,” in Effective Public Relations. Upper Saddle River, N.J. and London: Prentice Hall.

Everse, G. (2011) Eight Ways to Communicate Your Strategy More Effectively. Harvard Business Review [online], 22 August 2011

Hallahan, K., Holtzhausen, D., van Ruler, B., Verčič, D. & Sriramesh, K. (2007) Defining Strategic Communication. International Journal of Strategic Communication, 1(1).

Heath, R. L. (ed.) (2013) Encyclopedia of public relations. 2nd edn. Los Angeles, SAGE Publications.

Leighton, N., T. Shelton (2008). Proactive crisis communication planning. London and Philadelphia: Kogan Page.

Lurati, F. (2005): Negotiating the Crisis Response: A Negotiation Approach to Crisis Response Management. Università della Svizzera Italiana, Facoltà di Scienze della comunicazione, Lugano.

Nothhaft, H. et al. (2018) “Strategic Communication: Reflections on an Elusive Concept,” International Journal of Strategic Communication, 12(4).

Regester, M., Ј. Larkin (2008): Risk Issues and Crisis Management in Public Relations. London and Philadelphia: Kogan Page, CIPR.

Smith R. D. (2005) Strategic Planning for Public Relations. 2nd edn. Mahwah, NJ & London: Lawrence Erlbaum Associates.

Theaker, A. (2012) The Public Relations Handbook. 4th edn. London & New York, Routledge.

Tkalac Verčič, A. (2016) Definiranje komunikacijskog problema, Akcija i komunikacija, Vrednovanje,  во: Odnosi s javnošću. Zagreb, HUOJ.

Tkalac Verčič, A. (2016) Obilježja javnosti; Situacijska teorija komunikacijskog ponašanja, во: Odnosi s javnošću. Zagreb, HUOJ.

Tench, R. & Yeomans, L. (eds.)(2006). Exploring Public Relations. London: Prentice Hall.

Tuneva, M. (2011) Voved bo odnosite so javnosta. Скопје, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

Verčič, D., Grunig, J. E. (2002) The origins of public relations theory in economics and strategic management. Во: D. Moss, D. Verčič, G. Warnaby, Perspectives on Public Relations Research. London, New York, Routledge.

Volk, S. C. and Zerfass, A. (2018) “Alignment: Explicating a Key Concept in Strategic Communication,” International Journal of Strategic Communication. Routledge, 12(4),

Werder, K. P., Nothhaft, H., Verčič, D. & Zerfass, A. (2018) “Strategic Communication as an Emerging Interdisciplinary Paradigm,” International Journal of Strategic Communication, 12(4).

Wilcox, D. L., Cameron, G. T. and Reber, B. H. (2015) Public Relations: Strategies and Tactics. 11th edn. Boston [etc.], Pearson.

Zerfass, A., Verčič, D., Nothhaft, H., & Werder, K. P. (2018) “Strategic Communication: Defining the Field and its Contribution to Research and Practice,” International Journal of Strategic Communication, 12(4).