Репутациски менаџмент
Опис на предметот
Силата и големината на репутацијата на организацијата го претставува начинот на којшто комплексен опсег на засегнати страни ја перцепира организацијата. Mногу често се појавува јаз помеѓу начинот на кој организацијата има намера да биде видена и реалноста односно начинот на кој заинтересираните страни всушност гледаат на организацијата. Ова може да се должи на низа сили, некои бавни, предвидливи и контролабилни, а некои ненадејни, непредвидливи и релативно неконтролирани. Целта на овој предмет е да ги разбереш репутацијата и брендот како најважна нематеријална вредност на организациите.
Што ќе научиш
- Ќе ја знаеш суштината на добриот репутациски и бренд менаџмент и на кој начин преку процесот на градење добра репутација и одржливи брендови може да се постигне конкурентска предност и деловен успех;
- Ќе умееш да го примениш процесот и главните чекори на градење силни брендови и победнички репутации од најмалку две причини: прво, заради позиционирање на корпоративните комуникации како фактор на успех во организациите и, второ, заради остварување на главните корпоративни цели.
Како ќе се усовршиш
Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.
Литература
Charles J. Fombrun and Cees B.M. Van Riel (2004). Fame & Fortune – How Successful Companies Build Winning Reputations, FT Prentice Hall (273 страници), преведена на македонски јазик
Бренд менаџмент прирачник (2000). подготвен од м-р Сузана Панова Никифорова
AIRMIC (2015). Defining and managing reputation risk: A framework for risk managers. Reputation Institute (на англиски јазик)
Leslie de Chernatony (2001, 2010) From Brand Vision to Brand Evaluation, Butterworth Heinemann
Cees B.M. Van Riel and Charles J. Fombrun (2007) Essentials of Corporate Communications, Routlenge Taylor&Francis Group (страна 38-61), англиски јазик
Phillip Kotler and Kevin L Keller (2006) Marketing Management: The International Edition, Prentice Hall Inc.