fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Дигитални комуникации и социјални медиуми (изборен)

Прв семестар

5 недели

7 ЕКТС кредити

научен соработник д-р Жанета Трајкоска; м-р Славица Биљарска

  Опис на предметот

Која е улогата и влијанието на дигиталните комуникации во современото општество? Предметот нуди теоретска и практична основа за ефикасно вклучување на социјалните медиуми како дел од стратегиите за комуникација (со јавноста). Во предметот ќе ја истражуваш транспарентноста и создавањето идентитети на Интернет, ефектите на дигиталните комуникации на одредени публики, конверзацијата и вклучувањето на засегнатите страни на социјалните медиуми и ќе формулираш и евалуираш стратегии за дигитални комуникации.

Што ќе научиш
  • Ќе умееш да ги анализираш карактеристиките на целните публики, да користиш анализа на податоци, да управуваш со засегнати страни, да креираш пораки и да избираш соодветни тактики и канали;
  • Ќе знаеш како да креираш релевантна содржина за високо позиционирање на Интернет пребарувачите;
  • Ќе ги подобриш вештините за комуникација и креирање содржина на социјалните медиуми;
  • Ќе умееш да креираш и применуваш стратегии за дигитални комуникации;
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Austin, E. and Pinkleton, B. (2015). Strategic public relations management: planning and managing effective communication programs. 3rd ed. New York: Routledge.

Danielewicz-Betz, A. (2016). Communicating in Digital Age Corporations. London: Palgrave Macmillan.

Diaz-Ortiz, C. (2019). Social Media Success for Every Brand: The Five StoryBrand Pillars That Turn Posts Into Profits. HarperCollins Leadership.

Ess, C. (2014). Digital media ethics. 2nd ed. Cambridge: Polity Press.

Freberg, K. (2019). Social Media for Strategic Communication: Creative Strategies and Research-Based Applications. Thousand Oaks, California: SAGE.

Ledford, J. (2009). SEO: Search Engine Optimization Bible. 2nd ed. Indianapolis: John Wiley & Sons.

Lipschultz, J. (2018). Social media communication: concepts, practices, data, law and ethics. 2nd ed. New York: Taylor & Francis Group, Routledge.

Motion, J., Heath, R. L., & Leitch, S. (2016). Social Media and Public Relations: Fake Friends and Powerful Publics. London and New York: Routledge.

Penn, W. S. (2013). Storytelling in the Digital Age. New York: Palgrave Macmillan.

Phillips, D. and Young, P. (2013). Online public relations. 3rd ed. London [etc.]: Kogan Page.

Quesenberry, K. (2019). Social media strategy : marketing, advertising, and public relations in the consumer revolution. Lanham: Rowman & Littlefield.