fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Менаџирање на стратегиски комуникации

Стекнување на одржливи знаења

Студиската програма е развиена за стекнување на одржливо академско и практично знаење, што ќе ви овозможи да ги совладате клучните теории од областа на стратешкото комуницирање и да стекнете вештини за анализирање, планирање, управување и евалуирање. Покрај тоа, програмата ќе ви помогне да ги развиете вештините за креативно и претприемничко размислување, преку критичко анализирање и решавање проблеми. Тимската работа вклучува голем дел од нашата програма со цел развивање на вештини за планирање и управување со проекти.

Учење фокусирано на успехот на студентот

Наставата на програмата е дизајнирана да ја развива иновативноста и проактивноста кај студентите. Евалуацијата на знаењето се одвива преку изработка на анализи, истражувања и планови за стратешко комуницирање, кризно комуницирање, управување со репутација, корпоративно и национално брендирање, кампања на социјални медиуми и слично преку реални примери. Притоа, професорите ќе ве поддржуваат со навремени и персонализирани насоки и совети за дадените задачи.

Онлајн учење во виртуелна училница

Виртуелната училница, ќе ви обезбеди непречен онлајн пристап кон сите предмети, контакти со професори и студенти, како и неопходните ресурси за учење. Освен во предавална, дел од предавањата на студиите се одржуваат онлајн како вебинари, при што ви е овозможена комплетна интеракција со професорот и другите студенти за целото времетраење, а по завршување на предавањето, истото ќе можете да го прегледате одново на виртуелната училница.

Диплома и компетенции

Оваа програма е намената за менаџери, стручњаци и истражувачи за комуникации на највисоко ниво, при што ќе ги обучи да бидат добри стратези, креативни професионалци и флексибилни комуникатори. Нашиот пристап на активно учење ќе ве оспособи за длабинско размислување, поголема самодоверба и подобро лидерство, вештини кои се нужни за вработување и за кариерен развој. Програмата оспособува за работа во компании, јавни институции, невладини организации, политичи партии, академски институции, за основање на сопствен бизнис или работа како независен консултант и истражувач за комуникации. Со завршувањето на студиската програма се добива диплома со назив „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“.