fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Медиумски содржини

Рес публика

На „Рес публика“ издаваме влогови и поткасти во кои мрежа од професори, истражувачи, новинари, граѓански активисти, професионалци, јавни службеници и студенти анализираат прашања од јавен интерес.

Дома

Преку серијалот Еко филм на платформата Дома, ние истражуваме, анализираме и информираме за теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест.

Само прашај

На платформата „Само прашај“ создаваме видео прилози, во кои јавни службеници, експерти, новинари и граѓански активисти ги одговараат прашањата со кои граѓаните се соочуваат во нивното секојдневие.