fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Управување со медиуми

Втор семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

доц. д-р Сали Брајтон Мицова

  Опис на предметот

Во предметот се изучува управувањето со различните типови на медиуми, вклучувајќи ги стратегиското одлучување, менаџирањето со човечките ресурси и техничките аспекти и анализирањето на општествените и политичките услови во кои работат медиумите. Во предметот ќе го анализираш и процесот на интегрирање на радиодифузијата, кабелската телевизија, интернетот и телефонијата, во функција на продукција на нови комуникациски производи и информативни сервиси.

Што ќе научиш
  • Ќе ги знаете спецификите на управувањето на различни типови на медиуми;
  • Ќе ги знаете главните елементи на продукцијата и можностите на конвергенцијата на новите медиуми;
  • Ќе умеете да ги објасните карактеристиките и функциите на јавниот сервис;
  • Ќе ја разберете улогата на комерцијалниот и непрофитниот сектор во медиумскиот плурализам.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Albarran, À., Chan- Olmsted, S. & Wirth, M. (Eds.). Handbook of media management and economics. Mahwah NJ: Lawrence Erlbaum, 2006

Katz Helen, THE MEDIA HANDBOOK: A Complete Guide to Advertising Media Selection, Planning, Research, and Buying. Lawrence Erlbaum Associates, Mahwah, New Jersey, London,             2003

Doyle Gillian , Understanding media economics. SAGE Publications London,Thousand Oaks, New Delhi., 2002

Ричард Л. Дафт, Менаџмент. Кочани: Гонекс. 2011

Jeremy Orlebar, DIGITAL TELEVISION PRODUCTION. A handbook. Oxford University Press Inc, 2002

Gunther Kress and Theo van Leeuwen, Reading images: the grammar of visual design. Routledge, 2006

Bruce Block, The visual story: creating the visual structure of film tv and digital media. Elsevier Inc. 2008

Matt York (Ed.). The Videomaker Guide to Digital Video and DVD Production. Elsevier Inc., 2004

John Watkinson, Convergence in Broadcast and Communications Media. Focal Press, 2001

Henry Jenkins, Convergence Culture: Where Old and New Media Collide. New York University Press, 2008