Медиумско претприемништво (изборен)
Опис на предметот
Овој предмет ќе те воведе во основите на претприемништвото и во принципите на развивањето на деловен потфат и бизнис план во медиумската сфера. Во предметот се испреплетени генералните концепти на претприемништвото со спецификите на медиумскиот бизнис, а посебно со начинот на кој Интернет и новите технологии ја трансформираат медиумската економија. Опфатени се и сите правни и финансиски аспекти и предуслови за започнувањето нов медиумски потфат во македонското опкружување.
Што ќе научиш
- Ќе знаеш да го опишеш и анализираш сопственото медиумско опкружување со цел да започнеш нов медиумски потфат;
- Ќе умееш да изработиш бизнис план за нов медиумски потфат, имајќи ги предвид спецификите на одделните бизнис модели во медиумската индустрија, при што планот ќе вклучува и целосен маркетинг план;
- Ќе стекнеш знаења и вештини карактеристични за еден успешен претприемач во медиумската сфера.
Како ќе се усовршиш
Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.
Литература
Роберт А. Барон, Скот А. Шејн, Претприемништво процес со перспектива, Кочани: Генекс, 2011
Mike McKeever, How to Write a Business Plan, NOLO, 2010