fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Магистерска работа

Втор семестар

1 година

15 ЕКТС кредити

  Опис на задачата

Магистерскиот труд е самостојна работа на студентот/ката, во која се систематизираат постојните академски знаења и претставува оригинално истражување. Темата на магистерската работа треба да е од соодветната научна област на магистерските програми и се избира самоиницијативно или може да се определи во договор со некој од професорите на студиите. Преку магистерскиот труд, студентот/ката треба да покаже дека има разбирање на важните тековни прашања во научната област и способност да го изврши истражувањето, да ги анализира резултатите и да подготви добри заклучоци. Исто така, магистерската работа треба да биде финализирана во форма на добро напишан и правилно организиран документ.