fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Критичко размислување и аналитичко пишување

Трет семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

проф. д-р Весна Шопар; м-р Зоран Димитровски

  Опис на предметот

Критичкото размислување е процес преку кој ги градиме и ги поткрепуваме своите ставови и верувања и ја вреднуваме силата на аргументите на другите луѓе во реални ситуации од животот. Аналитичкото пишување, пак, е вештина која се стекнува преку критичко и аналитичко читање и размислување, со разложување на набљудуваниот предмет и анализирање на соодветните делови. Преку практични вежби и дискусија научи да препознаваш и да конструираш аргументи, и да ги применуваш вештините и техниките на аргументирање и анализа.

Што ќе научиш
  • Ќе развиеш навики да ја оценуваш и браниш рационалноста на сопствените ставови, верувања и вредности, како и ставовите, вредностите и верувањата на другите;
  • Ќе им приоѓаш на проблемите од различни агли и ќе ја препознаваш комплексноста на најконтроверзните прашања;
  • Ќе ја цениш вредноста на критичкото размислување при донесувањето одлуки.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Critical Thinking, Students Introduction, 4th edition (2010) G. Bassham, W. Irwin, H. Nardone, J. M. Wallace

Writing Analitically,5th edition, David Rosenwasser, Jill Stephen

Critical Thinking: What is and Why it Counts, Peter A. Facione