Корпоративна општествена одговорност
Опис на предметот
При процесот на носење деловни одлуки треба да се земе предвид јавниот интерес и преку сопствените активности треба да се предизвика позитивно влијание кон животната средина, потрошувачите, вработените, засегнатите страни и заедницата во целина. Предметот Корпоративна и општествена одговорност ќе ти помогне како да се справиш со сериозните етички предизвици во комуникациите и да го зголемиш разбирањето за тоа како индивидуалното морално чувство има влијание врз процесите на носење одлуки и етичко однесување на компаниите.
Што ќе научиш
- Ќе ја разбереш потребата од промена на етичката парадигма денес, како и основната генеза на општествената одговорност низ историјата и промените во бизнис дејствувањето;
- Ќе умееш да го анализираш однесувањето на главните актери поврзани со општествената одговорност;
- Ќе умее да носиш деловни одлуки засновани на општествено одговорно однесување.
Како ќе се усовршиш
Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.
Литература
Mary V. Rorty, Introduction to Ethics
Ferrell O.C., Ferrell L., The Future of Business Ethics, University of New Mexico
Тунева, М. (2010) Вовед во односите со јавноста, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, Скопје.
Brautović H., Brkan D., Public Relations Ethics and Ethical Codes
Parsons P., Ethics in Public Relations – A Guide to Best Practice, Kogan Page,
Rangan K., Chase L. A., Karim S., Why Every Company Needs a CSR Strategy and How to Build It
Hopkins, M. (2003) The Planetary Bargain – Corporate Social Responsibility Matters, Earthscan Publications Ltd.
Aras, G. and Crowther, D. (ed.), A Handbook of Corporate Governance and Social Responsibility, Ashgate Publishing Company.
Coombs T., Holladay S. J. (2012) Managing Corporate Social Responsibility: a Communication Approach, Wiley Blackwell.