Интегрирани маркетинг комуникации (изборен)
Опис на предметот
Како вестите, според начинот на кој тие се пренесуваат во јавноста, ја менуваат иднината на организацијата? Како се пренесуваат пораките преку интегрирана маркетинг кампања со помош на координирана употреба на односите со јавноста и целиот спектар на техники? Запознајте се со традиционалните и нетрадиционалните маркетинг дисциплини, како и со принципите и практиката на убедување, застапување и социјален маркетинг.
Што ќе научиш
- Ќе научиш да користиш различни алатки за ИМК како дел од комуникациите на организацијата (рекламирање, односи со јавност, директен маркетинг, продажба, социјални медиуми);
- Ќе ги разбереш принципите на односите со јавноста и управувањето со социјалните медиуми како дел од комуникациската стратегија на една организација (а со тоа и дел од стратегијата на целокупната компанија);
- Ќе научиш да планираш и создадаш програма за комуникација;
- Ќе ги знаеш методите за мерење на успехот на комуникациските програми.
Како ќе се усовршиш
Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.
Литература
Bowen, S. A., Rawlins B., and Martin T.: Mastering Public Relations, v. 1.0 Chapter 7.2
Rawlins, B. L. (2006): Prioritizing Stakeholders for Public Relations.
Clow, K. E. and Baack, D. (2007): Integrated Advertising, Promotion, and Marketing Communications. 3rd ed. New Jersey.
Meerman Scott, D. (2013), 4th ed.: The New Rules of Marketing & PR: How to Use Social Media, Online Video, Mobile Applications, Blogs, News Releases, and Viral Marketing to Reach Buyers Directly.
Van Belleghem, S. (2012): The conversation Manager: The Power of the Modern Consumer, the End of the Traditional Advertiser. Paperback.
Qualman, E. (2011): Soicalnomics. How social media transforms the way we live and do business. New Jersey.
Sprague, D., Codella, P. (2009): Integrated Marketing in the Digital World.
Blanchard, O. (2011): Social Media ROI. Managing and Measuring Social media Efforts in Your Organization. Indiana.