fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Идентитет, културна разновидност и општествени прашања (изборен)

Втор семестар

5 недели

7 ЕКТС кредити

проф. д-р Весна Шопар

  Опис на предметот

Во предметот ќе ги истражуваш социолошкиот, психолошкиот и историскиот контекст во кој се одвиваат интерперсоналните и интергрупните односи во едно мултикултурно општество и ќе стекнеш разбирање и свест за влијанието на глобалните општествени и структурални фактори врз создавањето на општествениот и културниот идентитет на различните групи во општеството.

Што ќе научиш
  • Ќе промовираш разбирање, афирмација и почит за луѓето со различна припадност;
  • Ќе препознаваш на кој начин различностите во групите и меѓу нив може да влијаат врз оценката, планирањето, интервенцијата и истражувањето;
  • Ќе го разбереш и научиш процесот на градење идентитети и нивното значење во однос на различностите во културите.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Шопар В., (2012) Идентитет, културна разновидност и општествени прашања, авторизирани предавања, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, Скопје

Шопар В., (2012) Постмодерен идентитет, авторизирани предавања, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, Скопје