fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Дигитални медиуми и конвергенција

Прв семестар

5 недели

8 ЕКТС кредити

вон. проф. д-р Сефер Тахири

  Опис на предметот

Која е иднината на телевизијата и другите медиуми? Каков вид програми и содржини ќе се емитуваат во наредните години? Која е улогата на блоговите, влоговите, подкастите, социјалните мрежи? Во фокусот на предметот се дигиталните медиуми како нови медиуми овозможени од електронскиот пренос на информации и конвергенцијата на медиумите односно нивното взаемно приближување и тежнеењето кон спојувањето.

Што ќе научиш
  • Ќе можеш да ги анализираш дигиталните медиуми и нивниот однос со традиционалните медиуми;
  • Ќе ги разбираш принципите на новата регулаторна политика која има за цел да ги поттикне новите услуги и да ги отстрани бариерите на пазарот;
  • Ќе ја разбираш конвергенцијата на медиумите и можностите и заканите за медиумската индустрија, за потрошувачите и огласувачите;
  • Ќе знаеш да идентификуваш, анализираш и креираш услуги и содржини наменети за различни делови на публиката на еден конвергиран пазар.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Dzozef Tjurou. Mediji danas- Uvod u masovne komunikacije. Clio 2009

Stanko Crnobrnja. Estetika televizije i novih medija. Clio 2010

Жарко Паиќ. Визуелни комуникации. Готен 2013

Knopp, Michael & Scheuer, Alexander. Digital Television Glossary

European Audiovisual Observatory 2004

Preissel et al. (eds.). Telecommunication Markets: Drivers and Impediments Springer Physica-Verlag HD. 2009

Alabau, A. and Guijarro, L.The Electronic Communications Policy of the European Union. Editorial Universitat Politecnica di Valencia, 2011