Дигитална и аудиовизуелна култура

Опис на предметот
Преку предметот се проучуваат главните теории на дигиталната култура и медиумите и се воведуваат различни социјални, уметнички, теоретски и културни практики што ја сочинуваат денешната дигитална сфера и виртуелно опкружување. Предметот создава основа за разбирање на аналогната и дигиталната аудиовизуелна естетика и теорија.
Што ќе научиш
- Ќе умееш да ги анализираш продуктите во новите медиуми;
- Ќе научиш да ја анализираш и толкуваш зголемената визуелизација на современата култура;
- Ќе развиеш визуелни и вербални вештини за набљудување, анализирање, опишување и критикување на аудио-визуелните слики.
Како ќе се усовршиш
Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.
Литература
Дизајн на интеракција, Шарл Роџер- Прис, 2010 Арс Ламина
Thinking visually, Mark Wigan, 2006 AVA Publising SA
Бахтин и визуелната уметност, Дебора Џ. Хејнс, 2012 Европа 92
Designing brand identity, Alina Wheeler, 2006 John Wiley
Уметност мината, уметност сегашна, Дејвид Г. Вилкинс, Бернард Шулц, Кетрин М. Линдаф, 2009 Нампрес
Истории на медиумска уметност, Оливер Грау, 2009 MIT Press
Историја на модерната уметност, Х.Х Харисон, 2009 Нампрес