Глобални односи
Опис на предметот
Светот на меѓусебната поврзаност и зависност ќе го изучуваш во предметот Глобални односи. Кои се еконoмските, политичките, општествените, идеолошките и технолошките димензии на глобалните односи? Кои се нивните позитивни и негативни аспекти? Какво е нивното влијание врз општеството, државата и деловната политика?
Што ќе научиш
- Ќе ги разбираш различните аспекти на глобалната меѓусебна поврзаност (економска, политичка, културна, медиумска) и нејзината испреплетеност со интеркултурните успешни деловни практики, како во локален, така и во интернационален контекст;
- Ќе можеш критички да ја промислуваш улогата на глобалните комуникации, особено во меѓународните односи, меѓународниот бизнис и меѓукултурните односи.
Како ќе се усовршиш
Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.
Литература
Шопар В., Свет на меѓусебна поврзано и меѓусебна зависност, авторизирани предавања, 2013