fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Бренд и креативна стратегија (изборен)

Втор семестар

5 недели

7 ЕКТС кредити

проф. д-р Славица Цицвариќ Костиќ

  Опис на предметот

Предметот ќе ти помогне да ги разбереш конкурентните предизвици и можности за градење бренд и да ја согледаш рамката за развој на бренд стратегии во согласност со маркетинг и корпоративната стратегија. Тој ги опфаќа процесите на истражување и анализа на пазарот на податоци, дефинирање на идентитет и позиција, управување со брендот, како и планирање на креативни стратегии во бренд комуникацијата.

Што ќе научиш
  • Ќе го знаеш процесот на создавање и позиционирање на уникатен идентитет на брендот;
  • Ќе ги познаваш креативните стратегии во комуникациите со медиумите;
  • Ќе умееш да планираш и спроведуваш бренд кампања;
  • Ќе знаеш да управуваш со бренд.
Како ќе се усовршиш

Студирај предмет по предмет, преку индивидуално учење и во тимска работа на реални ситуации, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство. Ако обврските не ти дозволуваат да следиш редовна настава, учи во виртуелната училница на ИКС во секое време и од кое било место.

Литература

Cicvarić, S. (2006). Brend-kreiranje, pozicioniranje, održavanje, Zadužbina Andrejević, Beograd

Kapferer, J. N. (2008). The New Strategic Brand Management – Creating and Sustaining Brand Equity Long Term, Kogan Page Limited, London and Philadelphia

Rowles, D. (2014). Digital Branding – A complete step-by-step guide to strategy, tactics and measurement, Kogan Page Limited

Vlastelica, T. (2007). Medijska kampanja – publicitet i oglašavanje, Zadužbina Andrejević, Beograd