fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Магистерски студии

Размислуваш ли два пати пред да кажеш нешто? Сметаш ли дека правилниот збор кажан на правилно место во правилно време може да направи огромна разлика во светот? Доколку твојот одговор е да, тогаш се наоѓаш на правилното место!

Ние нудиме сеопфатни магистерски студии во две програми: менаџирање на стратегиски комуникации и менаџирање на медиуми и мултимедија. Овие програми не само што ќе ви овозможат да ја задоволите вашата страст за знаење, туку ќе ви обезбедат цврста основа врз која ќе можете да напредувате во различни кариерни правци.

Нашите студиски програми претставуваат точно одбрана комбинација од теоретски познавања за светот на медиумите и комуникациите, заедно со пренесување на практични вештини за вашето постојно или идно работно место. Преку нив ќе ги совладате клучните основи на стратегиските комуникации, дигиталните медиуми, менаџментот, претприемништвото и аналитичкото размислување. Покрај задолжителните предмети, во програмите нудиме и спектар на предмети кои можете да ги одберете со цел да се специјализирате во областите кои вам ви будат најголем интерес.

Менаџирање на стратегиски комуникации

Те интересира светот на дигиталните и традиционалните комуникации? Сакаш да знаеш како најдобро да ја пренесеш својата порака? Ова е вистинската програма за тебе!

Менаџирање на медиуми и мултимедија

Те интересира светот на медиумите и медиумската продукција? Сакаш да бидеш медиумски уредник или истражувач? Ова е вистинската програма за тебе!

Што нудат студиите?

Во тек со глобалните трендови

Технологијата во дигиталната ера се развива со молскавична брзина, а тоа има огромно влијание врз развојот на комуникациите и медиумите. Оттука, теоретичарите и практичарите од областа на комуникациите и медиумите треба да бидат во тек со најновите научни сознанија. Ние редовно ги ажурираме нашите магистерски програми, следејќи ги трендовите во комуникациите и медиумите, со цел да им овозможиме на студентите знаење кое ќе биде директно применливо во приватниот и јавниот сектор, но и да ги подготвиме да бидат квалитетни истражувачи.

Меѓународни стандарди и размена на искуства

Во наставните програми се вклучени предмети кои ги предаваат меѓународно истакнати професори и професионалци од партнерските универзитети од странство, преку нашиот интранет систем. Покрај додадената вредност од запознавање со најновите практики од Европа, преку нашите партнества со овие институции им овозможуваме на нашите студенти разни студиски размени и практично доусовршување со помош на Еразмус+ програмата.

Прогресивни образовни методи

Нашите магистерски програми се дизајнирани според концептот „учење за знаење“ и во текот на наставата ќе се сретнете со комбинација од предавања, индивидуално учење, практични сесии и тимска работа. Лесниот пристап до литературата и отворената комуникација со професорите претставуваат нужни услови за квалитетен образовен процес. Затоа, нашиот интранет систем овозможува лесно да ги најдете сите ресурси за учење, редовни информации за тековните активности, едноставна комуникација со професорите, а овозможува и учење од далечина.

Барана диплома и ценето знаење

Студиите се организирани според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) и се акредитирани од Министерството за образование и наука на Р.С. Македонија. Преку континуираната соработка со бизнисите и институциите во Македонија, но и со партнерските институции во странство, до сега на нашите студенти им имаме овозможено практична работа, специјализација и вработување уште во текот на своите студии.