fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Професори

Исклучително задоволство ми е времето поминато во ИКС. Особено затоа што професорите се посветени, атмосферата е пријателска, а материјалите ми се на само еден клик преку виртуелната училница, па лесно се вклопуваат со моите обврски како новинар и уредник.

Сузана Мицева

новинар и уредник

ИКС ме мотивираше да продолжам да учам, а најдобра мотивација за учење е успехот. Образованието е процес што трае цел живот и секој кој е вклучен во овој процес учествува во креирањето поволна „клима“ во своето опкружување.

Марија Тасев

портпаролка на Универзитетската клиника за детски болести

Магистерските студии се круна на моето осознавање и практикување на стратегиските комуникации. Преку нив се заокружи мојата досегашна работа и ми отворија нови перспективи за односите со јавноста, маркетингот и дигиталните комуникации.

Елена Несторовска - Јовановиќ

менаџер за маркетинг и односи со јавност