fbpx

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Проекти

2023 година

Проекти на ИКС

Проект: Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит

ИКС во партнерство со коморите на занаетчии на Македонија, Хрватска и Словенија ќе работи на зголемување на квалитетот на мајсторскиот испит, како и на поголема промоција на стручното образование со цел да се зголеми атрактивноста на овие програми во рамки на проектот: “Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит”.

Во рамки на овој проектот ИКС ќе развива програма и ќе спроведува обуки за дигитален маркетинг за занаетчиските комори на Македонија, Хрватска и Словенија со кои ќе можат во дигиталниот простор подобро  да ја промовираат традиционална изработка и да го прикажат богатото културно наследство на Македонија, Хрватска и Словенија. Исто така ИКС ќе работи и на промотивен и едукативен филм за важноста од полагањето на мајсторскиот испит.

Времетраење: 2023 – 2024 година

Донатор: Европска комисија (ЕРАЗМУС+ ).

Водител на проектот: Занаетчиска комора Скопје

Партнери: Институт за комуникациски студии; Хрватската занаетчиска комора (ХOK); Факултетот Алгебра од Хрватска и Комората за занаетчии и мали бизниси на Словенија од Словенија

Проект: Инклузивно и креативно медиумско образование (ICME)

ИКС започна со спроведување на активностите во рамки на проектот Инклузивно и креативно медиумско образование (ICME), кој има цел да го подобро образованието за медиумска писменост во Македонија, Финска и Италија.

Проектот е предводен од Националниот аудиовизуелен институт – KAVI во Финска, а покрај ИКС, проектен партнер е и Универзитетот во Фиренца од Италија.

Проектот развива образовни модели за медиумска писменост кои можат да бидат спроведувани во формално и неформално образование и од различни чинители (граѓански организации, училишта, факултети, итн.).

Секој од партнерите ќе изработи посебен модел за образование кој првично ќе биде тестиран во локален контест. Истиот модел ќе биде адаптиран за имплементација во секоја од земјите на проектните партнери.

Трите модели ќе се фокусираат на следниве клучни области:

  • Наставни принципи за дизајнирање инклузивни иницијативи за медиумска писменост (Финска),
  • Образовни стратегии кои ја поттикнуваат креативноста преку критичка медиумска писменост (Италија) и,
  • Поттикнување на граѓанскиот ангажман на младите преку медиумска писменост (Македонија).

Целта е да се создаде траен едукативен ресурс кој ќе може да се користи од наставници, училишта, универзитети, граѓански организации и иницијативи, во формално и неформално образование, овозможувајќи им на граѓаните и особено младите луѓе да ги користат медиумите како моќна алатка за поттикнување критичко размислување, граѓански ангажман и културна различност.

ИКС веќе е во процес на тестирање на моделот за поттикнување граѓанска вклученост кај младите преку медиумска писменост.

Времетраење: 2023 – 2024 година

Донатор: Програма „Креативна Европа“ – Европска Унија

Водител на проектот: Националниот аудиовизуелен институт – KAVI од Финска

Партнери: Институт за комуникациски студии; Универзитетот во Фиренца од Италија

Проект: 28 евра – цената на Ибеј за загрозен европски вид

ИКС освои грант за изработка на истражувачки документарен филм во областа на биодиверзитетот и нелегалниот лов и продажба на ретки и загрозени видови. Грантот го доделува JournalismFund кој подразбира филмот да биде продуциран до март 2024 година. ИКС го работи овој проект во соработка со Дојче Веле и снимањето ќе се одвива на повеќе локации во Македонија, Германија и други подрачја релевантни за темата. Филмот ќе цели да посочи кој е одговорен за исчезнувањето и занемарувањето на загрозените европски видови.

Времетраење: 2022 – 2024

Донатор: Journalism Fund

Партнер: Deutsche Welle

Проект: Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија (2022 – 2024)

Фокусот на овој проект е промоција на услугите за заштита од родово базирано и семејно насилство врз жените, со посебен фокус на ранливите категории и заедниците со најголем ризик. Во исто време, проектот има за цел да ја зајакне довербата во системот, да ги едуцира жените и индиректните целни групи за правната рамка за спречување на родово засновано и семејно насилство, како и за правата и обврските кои произлегуваат од тоа, и да се надминат доминантните пречки што ги спречуваат жените да пријават насилство како срам, страв и заблуди. ИКС е вклучен во спроведување на обуки на новинари и медиумски професионалци за тоа како да известуваат за случаи на родово базирано насилство, а исто така и во активности за комуникација и дисеминација на проектните активности.

Времетраење: 2022 – 2024

Донатор: УНФПА

Проект: Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици (ISRA)

Институтот за комуникациски студии е партнер на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици (ИСРА). Целта на проектот е да ја подигне свесноста на институциите, здравствените власти, училиштата и локалната заедница во пограничниот регион на Македонија, Албанија и Грција за ризикот од земјотреси и секундарниот ризик од ерозија на земјиштата.

Граѓаните се првите на удар при справувањето со ефектите од земјотресите и другите природни непогоди или човечки-создадени катастрофи, сè додека не дојде стручна помош. Оттука, исклучително важно е зголемувањето на свесноста на граѓаните во подобра подготовка пред настанувањето на овие непогоди, како и во справувањето со нив.

Целта на проектот ќе се постигне преку истражување за најдобрите практики во подигањето на свесноста за ризиците од земјотресите, создавање информативни материјали за пошироката јавност, кампања на социјални мрежи, комуникација со локалните власти и институции за заштита, спасување и справување со кризи, како и спроведување обуки на терен.

Времетраење: 2022 – 2024 година

Донатор: Европска Унија

Водител на проектот: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС)

Партнери: Институт за комуникациски студии; Аристотел универзитет од Солун, Грција; Фондација Еуцентре од Павија, Италија; Политехнички универзитет од Тирана, Албанија

Проект: Користи факти: Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија

„Користи факти“ е проект кој ќе обезбеди поддршка на граѓаните, новинарите и граѓанските организации да го зголемат јавното разбирање за потеклото, мотивите и влијанието на дезинформациите во општеството. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и ќе трае до март 2025 година. ИКС, преку своите медиумски онлајн платформи, ќе истражува, открива и деконструира кои се намерите, изворите и наративите на дезинформирање кои се закануваат да ја поткопаат довербата на јавноста во институциите и да ги зголемат поделбите во општеството. Овој пристап ќе ја нагласи штетата предизвикана од дезинформациите во Северна Македонија.

Во проектот ќе се изработуваат аналитички и истражувачки новинарски стории, ќе се понудат обуки и образовни ресурси за граѓаните и новинарите и ќе се спроведуваат медиумски кампањи за подигање на јавната свест. На овој начин ќе се помогне граѓаните, особено ранливите групи, да разликуваат веродостојна од злонамерна содржина и да се информираат од точни и професионални медиумски производи, со што треба да се намали влијанието на дезинформациите во општеството.

Проектот, во партнерство со други медиуми, ќе се залага и за транспарентност и одговорност на властите за да се зајакне довербата на јавноста во институциите и да се намали ширењето на дезинформации. Подобрената комуникација со институциите треба да ги поттикне граѓаните да ги притискаат властите да одговараат на нивните потреби.

Во изработката на новинарските стории и медиумските продукти и спроведувањето на проектните активности ќе бидат вклучени медиумските онлајн платформи на ИКС – Само прашајДомаРес публика и Медиум, медиумскиот партнер СДК.мк, како и други медиуми, граѓански и академски организации, јавни институции, стручњаци, активисти и останати граѓани од државата и регионот.

Времетраење: 2022 – 2025

Донатор: Британска амбасада Скопје

Носител: ИКС

Проект: Младите размислуваат (YouThink)

Проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ се фокусира на развивање на вештините за критичко размислување и критички пристап кон информациите кај младите кои им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации и да придонесат за градење активно, одговорно граѓанство водено од емпатија.

Улогата на ИКС во овој проект е да ја унапредува соработката со високообразовните институции во земјата и странство. Секоја година ИКС доделува грантови на домашните факултети за вклучување на медиумската писменост во студиските програми, спроведува истражувања во областа, организира научен симпозиум и го објавува академскиот журнал КАИРОС чие прво издание беше објавено во јули 2022 година.

Дополнително, ИКС промовира и неформално образование за млади преку обуките за медиумска писменост JEDI, организира пракса во медиуми, а во соработка со „Џифони“ – филмски фестивал, организира работилници за филмска писменост за млади.

Проектот се имплементира со поддршка од УСАИД, а го спроведуваат ИКС, ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми, и Младинскиот образовен форум.

Времетраење: 2021 – 2026

Донатор: Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД)

Главен имплементатор: ИРЕКС

Партнери: ИКС, Македонски институт за медиуми (МИМ), Младински образовен форум (МОФ)

Проект: Градски пристап кон забрзување на решенија засновани на природата преку Регенеративен урбан светилник на ЕУ (UPSURGE)

ИКС е партнер во овој проект чија цел е претставување на решенија за ублажување на ефектите од климатските промени, засновани на природа кои ќе бидат применувани од повеќе европски градови. Таканаречениот Регенеративен урбан светилник всушност ќе претставува референтна европска мрежа заснована на знаења, практики и тестирања на решенија базирани на природата (natural-based solutions) во реалниот живот, спроведени од повеќе европски градови, истражувачки институции и компании. Мерките на оваа мрежа ќе овозможат решенија за ублажување на ефектите од низата загадувања и прашањата поврзани со климатските промени, а ќе опфаќаат комбинација од дигитален систем, паметни технологии, ресурси и одржливи модели за градовите. Конзорциумот е ссотавен од 22 научно-истражувачки институции, невладини организации и градови од Европа. Некои од градовите вклучени во проектот се Белфаст (Северна Ирска), Бреда (Холандија), Будимпешта (Унгарија), Марибор (Словенија), Катовице (Полска), Патрас (Грција) и Прато (Италија), а намерата е мрежата во проектот да се прошири и со други градови од Европа.

Времетраење: 2020 – 2024

Донатор: Европска унија (Хоризон 2020)

Носител: Е-Институт – Институт за сеопфатни решенија

Проект: Мрежа за разновидност на известување 2.0

Целта на проектот е активирање на улогата на граѓанското општество во отфрлањето на наративите за поделба на народите во Западен Балкан и да се заменат со многу потребен позитивен дискурс, придонесувајќи кон зајакнувањето на добрососедските односи и почитувањето на различностите. Со таа цел, проектот ќе поттикне регионална мрежа на ГО да работат заедно со цел да се влијае на квалитетот на медиумските пораки кои влијаат на перцепциите на етничката припадност, религијата и полот како значајни тематски области релевантни за севкупното ниво на разбирање и толеранција во Западен Балкан. Притоа, мрежата за разновидност на известување (RDN 2.0) ќе обезбеди алатки, ресурси и докази за граѓанското општество да може да придонесе кон поинклузивни медиуми и ефикасно креирање политики во областите кои промовираат толеранција и на национално и регионално ниво. Почнувајќи од јануари 2021 година, партнерските организации вршат мониторинг на медиумски содржини кои содржат говор на омраза. Во јули 2022 година, ИКС го објави истражувањето за говор на омраза во Македонија во 2021 година, произлезено од мониторингот на случаи со говор на омраза.

Времетраење: 2020-2024

Донатор: Европска унија

Носител: Институт за различности во Лондон

Партнери: ИКС, Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), Центар за истражувачко известување, Центар за истражувачко новинарство, Косово 2.0, Институт за медиумите во Албанија (АМИ).

Проект: Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност

ИКС, заедно со Машинскиот факултет и поморска архитектура на Универзитетот во Загреб, Катедрата за биологија и екологија на Универзитетот Нови Сад, Факултет за политички науки на Универзитетот во Сараево и Катедрата за биологија на Универзитетот во Тирана, почна да го спроведува проектот „Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“, финансиран од програмата на ЕУ, ЕРАЗМУС+.

Kомуникацијата за животната средина не е вклучена во постоечките образовни програми во Западен Балкан и Хрватска на начин што ги комбинира екологијата, комуникациите, новинарството и истражувањето. Затоа, проектот ќе воведе иновативен и интердисциплинарен пристап во креирање и реализирање на регионална онлајн-програма и можности за виртуелна мобилност. Шестмесечната специјализација ќе биде наменета за претставници од граѓанскиот сектор, истражувачи, предавачи во образовни институции, вработени во јавни институции и бизнис секторот, новинари, како и сите заинтересирани кои ќе сакаат да се едуцираат и усовршат за професионалци за комуникација во животната средина.

Проектот ќе опфати обука на обучувачи и изработка на наставна програма, креирање онлајн едукативни материјали, игра за учење и водич за комуникација во животната средина, како и спроведување на онлајн курсеви и хакатон во кои ќе се изработуваат кампањи за решавање на еколошките проблеми во регионот. По завршувањето на професионалната програма, учесниците ќе добијат сертификати и ЕКТС кредити од високообразовните институции кои се партнери во проектот.

Со проектот, пред сè, ќе се зајакне знаењето и експертизата на стотина учесници од регионот во програмата, кои потоа преку нивното работење треба да се рефлектира во промена на ставовите и однесувањето на другите луѓе. Исто така, ќе се зголеми разбирањето за тоа колку е важна комуникацијата за животната средина во различни сектори и аспекти на општеството и ќе се отвори ново поле на истражување и можности за работа во регионот.

Времетраење: 2020-2024

Донатор: Европска унија

Носител: Институт за комуникациски студии

Партнери: Факултетот за машинство и поморска архитектура на Универзитетот во Загреб, Катедрата за биологија и екологија на Универзитетот Нови Сад, Факултет за политички науки на Универзитетот во Сараево и Катедрата за биологија на Универзитетот во Тирана.

Проект: ЕРАЗМУС+ Повелба за високо образование

ИКС беше награден со обновена Повелба за високо образование (ERASMUS+ Charter) за периодот 2021 – 2027 година. Во овој период ИКС ќе ја проширува интернационализацијата на своите студиски програми преку овозможување на мобилност на своите студенти и наставно-научен кадар во институции партнери на ИКС ширум Европа.

Времетраење: 2021 – 2027

Носител: Институт за комуникациски студии

Донатор: Европска комисија (ЕРАЗМУС+ програма).

2022 година

Проект: Поврзи ги точките: Подобрени политики преку граѓанско учество

Проектот имаше за цел да ги зајакне капацитетите за лобирање и застапување на граѓанските организации и да ги употреби овие капацитети за спроведување на кампањи од јавен интерес, ангажирање на различни засегнати страни, подобрување на каналите за комуникација помеѓу граѓанските организации и владата и промовирање на регионална соработка за заеднички теми. Проектот придонесе кон ефективно и инклузивно креирање на политики и нивна имплементација во интерес на граѓаните преку зголемена контрола од граѓанското општество. На крајот од 2020 година, ИКС во рамки на проектот ја започна кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ која се фокусираше на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси.

Резултати:

  1. Зајакнати капацитети на граѓанското општество, медиуми и други чинители за барање на добро владеење. Спроведена кампања за застапување и креирање на одржливи ресурси за застапување и лобирање.
  2. Зајакнати канали за комуникација и соработка помеѓу граѓанското општество и носителите на одлуки. Новинарство од јавен интерес и новинарство за животна средина преку „Само Прашај“ и „Дома“.
  3. Проширена регионална соработка за заеднички теми во Западен Балкан и зголемен плурализам на гледишта во медиумите и јавната сфера преку „Рес Публика“ и „Дома“.

Имплементатор: ИКС

Времетраење: 2020 – 2022

Донатор: Британска амбасада Скопје

Проект: Градски пристап кон забрзување на решенија засновани на природата преку Регенеративен урбан светилник на ЕУ (UPSURGE)

ИКС е партнер во овој проект чија цел е претставување на решенија за ублажување на ефектите од климатските промени, засновани на природа кои ќе бидат применувани од повеќе европски градови. Таканаречениот Регенеративен урбан светилник всушност ќе претставува референтна европска мрежа заснована на знаења, практики и тестирања на решенија базирани на природата (natural-based solutions) во реалниот живот, спроведени од повеќе европски градови, истражувачки институции и компании. Мерките на оваа мрежа ќе овозможат решенија за ублажување на ефектите од низата загадувања и прашањата поврзани со климатските промени, а ќе опфаќаат комбинација од дигитален систем, паметни технологии, ресурси и одржливи модели за градовите. Конзорциумот е ссотавен од 22 научно-истражувачки институции, невладини организации и градови од Европа. Некои од градовите вклучени во проектот се Белфаст (Северна Ирска), Бреда (Холандија), Будимпешта (Унгарија), Марибор (Словенија), Катовице (Полска), Патрас (Грција) и Прато (Италија), а намерата е мрежата во проектот да се прошири и со други градови од Европа.

Времетраење: 2020 – 2024

Донатор: Европска унија (Хоризон 2020)

Носител: Е-Институт – Институт за сеопфатни решенија

Проект: Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина (SHAPE)

Целта на проектот беше да овозможи за граѓанското општество, особено граѓанските организации (ГО) и младите луѓе, да стекнат збир на вештини и знаења за заштита на јавниот интерес и животната средина во нивните заедници. Проектот го зајакна партнерството помеѓу ГО и средните училишта како механизам за зајакнување на локалната соработка на засегнатите страни и ангажирање на младите за почиста и поздрава животна средина. Во јануари 2021 година, ИКС го објави истражувањето „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица Пелагонија, Тиквеш и Охрид)“ што го спроведе во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). Во јануари 2022, ИКС го организираше завршниот настан на кој зедоа учество повеќе од 130 млади луѓе од земјата кои ги изнесоа своите ставови и мислења за заштита на природата.

Времетраење: 2020 – 2022

Донатор: Европска унија

Носител: ИКС

Партнери: Македонско еколошко друштво (МЕД)

Проект: Мрежа за разновидност на известување 2.0

Целта на проектот е активирање на улогата на граѓанското општество во отфрлањето на наративите за поделба на народите во Западен Балкан и да се заменат со многу потребен позитивен дискурс, придонесувајќи кон зајакнувањето на добрососедските односи и почитувањето на различностите. Со таа цел, проектот ќе поттикне регионална мрежа на ГО да работат заедно со цел да се влијае на квалитетот на медиумските пораки кои влијаат на перцепциите на етничката припадност, религијата и полот како значајни тематски области релевантни за севкупното ниво на разбирање и толеранција во Западен Балкан. Притоа, мрежата за разновидност на известување (RDN 2.0) ќе обезбеди алатки, ресурси и докази за граѓанското општество да може да придонесе кон поинклузивни медиуми и ефикасно креирање политики во областите кои промовираат толеранција и на национално и регионално ниво. Почнувајќи од јануари 2021 година, партнерските организации вршат мониторинг на медиумски содржини кои содржат говор на омраза. Во јули 2022 година, ИКС го објави истражувањето за говор на омраза во Македонија во 2021 година, произлезено од мониторингот на случаи со говор на омраза.

Времетраење: 2020-2024

Донатор: Европска унија

Носител: Институт за различности во Лондон

Партнери: ИКС, Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), Центар за истражувачко известување, Центар за истражувачко новинарство, Косово 2.0, Институт за медиумите во Албанија (АМИ).

Проект: Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност

ИКС, заедно со Машинскиот факултет и поморска архитектура на Универзитетот во Загреб, Катедрата за биологија и екологија на Универзитетот Нови Сад, Факултет за политички науки на Универзитетот во Сараево и Катедрата за биологија на Универзитетот во Тирана, почна да го спроведува проектот „Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“, финансиран од програмата на ЕУ, ЕРАЗМУС+.

Kомуникацијата за животната средина не е вклучена во постоечките образовни програми во Западен Балкан и Хрватска на начин што ги комбинира екологијата, комуникациите, новинарството и истражувањето. Затоа, проектот ќе воведе иновативен и интердисциплинарен пристап во креирање и реализирање на регионална онлајн-програма и можности за виртуелна мобилност. Шестмесечната специјализација ќе биде наменета за претставници од граѓанскиот сектор, истражувачи, предавачи во образовни институции, вработени во јавни институции и бизнис секторот, новинари, како и сите заинтересирани кои ќе сакаат да се едуцираат и усовршат за професионалци за комуникација во животната средина.

Проектот ќе опфати обука на обучувачи и изработка на наставна програма, креирање онлајн едукативни материјали, игра за учење и водич за комуникација во животната средина, како и спроведување на онлајн курсеви и хакатон во кои ќе се изработуваат кампањи за решавање на еколошките проблеми во регионот. По завршувањето на професионалната програма, учесниците ќе добијат сертификати и ЕКТС кредити од високообразовните институции кои се партнери во проектот.

Со проектот, пред сè, ќе се зајакне знаењето и експертизата на стотина учесници од регионот во програмата, кои потоа преку нивното работење треба да се рефлектира во промена на ставовите и однесувањето на другите луѓе. Исто така, ќе се зголеми разбирањето за тоа колку е важна комуникацијата за животната средина во различни сектори и аспекти на општеството и ќе се отвори ново поле на истражување и можности за работа во регионот.

Времетраење: 2020-2024

Донатор: Европска унија

Носител: Институт за комуникациски студии

Партнери: Факултетот за машинство и поморска архитектура на Универзитетот во Загреб, Катедрата за биологија и екологија на Универзитетот Нови Сад, Факултет за политички науки на Универзитетот во Сараево и Катедрата за биологија на Универзитетот во Тирана.

Проект: ЕРАЗМУС+ Повелба за високо образование

ИКС беше награден со обновена Повелба за високо образование (ERASMUS+ Charter) за периодот 2021 – 2027 година. Во овој период ИКС ќе ја проширува интернационализацијата на своите студиски програми преку овозможување на мобилност на своите студенти и наставно-научен кадар во институции партнери на ИКС ширум Европа.

Времетраење: 2021 – 2027

Носител: Институт за комуникациски студии

Донатор: Европска комисија (ЕРАЗМУС+ програма).

2021 година

Проекти на ИКС

Проект: Проект на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“

Петгодишниот проект на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“ има цел да се воведе концептот на медиумската писменост во формалното и неформалното образование. Проектот е насочен да им помогне на младите да се стекнат со вештини и знаења со кои полесно ќе се снајдат во медиумскиот и дигиталниот свет и ќе се заштитат од манипулации и злоупотреби. Програмата ја спроведува ИРЕКС, американска организација со своја локална канцеларија во Скопје во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младинскиот образовен форум, а со финансиска поддршка од Американската агенција за меѓународен развој.

Проектот “Младите размислуваат“ се надоврзува на веќе постоечкиот пристап на ИРЕКС од 2015 г. за обука за медиумска писменост „Учиме да распознаваме“, работејќи со луѓе од најразлични возрасти во повеќе од 20 земји, на создавање вештини и навики кои ќе им помогнат да изградат отпорност против манипулациите со кои секојдневно се соочуваат.

Улогата на ИКС во овој проект е да ја унапредува соработката со високообразовните институции во земјата и странство. Секоја година ИКС доделува грантови на домашните факултети за вклучување на медиумската писменост во студиските програми, спроведува истражувања во областа, организира научен симпозиум и го објавува акдемскиот журнал КАИРОС. Дополнително, ИКС промовира и неформално образование за млади преку обуките за медиумска писменост JEDI, организира пракса во медиуми, а во соработка со „Џифони“ – филмски фестивал, организира работилници за филмска писменост за млади.

Времетраење: 2021 – 2026

Донатор: Американската агенција за меѓународен развој (USAID)

Проект: Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество

Проектот ќе ги зајакне капацитетите за лобирање и застапување на граѓанските организации и ќе ги употреби овие капацитети за спроведување на кампањи од јавен интерес, ангажирање на различни засегнати страни, подобрување на каналите за комуникација помеѓу граѓанските организации и владата и промовирање на регионална соработка за заеднички теми. Проектот има цел да придонесе кон ефективно и инклузивно креирање на политики и нивна имплементација во интерес на граѓаните преку зголемена контрола од граѓанското општество. На крајот од 2020 година, ИКС во рамки на проектот ја започна кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ која во текот на 2021 година ќе се фокусира на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси.

Очекувани резултати:

  1. Зајакнати капацитети на граѓанското општество, медиуми и други чинители за барање на добро владеење. Спроведена кампања за застапување и креирање на одржливи ресурси за застапување и лобирање.
  2. Зајакнати канали за комуникација и соработка помеѓу граѓанското општество и носителите на одлуки. Новинарство од јавен интерес и новинарство за животна средина преку „Само Прашај“ и „Дома“.
  3. Проширена регионална соработка за заеднички теми во Западен Балкан и зголемен плурализам на гледишта во медиумите и јавната сфера преку „Рес Публика“ и „Дома“.

Времетраење: 2020 – 2022

Донатор: Британска амбасада Скопје

Проект: Градски пристап кон забрзување на решенија засновани на природата преку Регенеративен урбан светилник на ЕУ (UPSURGE)

ИКС е партнер во овој проект чија цел е претставување на решенија за ублажување на ефектите од климатските промени, засновани на природа кои ќе бидат применувани од повеќе европски градови. Таканаречениот Регенеративен урбан светилник всушност ќе претставува референтна европска мрежа заснована на знаења, практики и тестирања на решенија базирани на природата (natural-based solutions) во реалниот живот, спроведени од повеќе европски градови, истражувачки институции и компании. Мерките на оваа мрежа ќе овозможат решенија за ублажување на ефектите од низата загадувања и прашањата поврзани со климатските промени, а ќе опфаќаат комбинација од дигитален систем, паметни технологии, ресурси и одржливи модели за градовите. Конзорциумот е ссотавен од 22 научно-истражувачки институции, невладини организации и градови од Европа. Некои од градовите вклучени во проектот се Белфаст (Северна Ирска), Бреда (Холандија), Будимпешта (Унгарија), Марибор (Словенија),  Катовице (Полска), Патрас (Грција) и Прато (Италија), а намерата е мрежата во проектот да се прошири и со други градови од Европа.

Времетраење: 2020 – 2024

Донатор: Европска Унија (Хоризон 2020)

Носител: Е-Институт – Институт за сеопфатни решенија

Проект: Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина (SHAPE)

Целта на проектот е да овозможи за граѓанското општество, особено граѓанските организации (ГО) и младите луѓе, да стекнат збир на вештини и знаења за заштита на јавниот интерес и животната средина во нивните заедници. Проектот предвидува партнерство помеѓу ГО и средните училишта како механизам за зајакнување на локалната соработка на засегнатите страни и ангажирање на младите за почиста и поздрава животна средина. Во јануари 2021 година, ИКС го објави истражувањето „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица Пелагонија, Тиквеш и Охрид)“ што го спроведе во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД).

Времетраење: 2020 – 2022

Донатор: Европска Унија

Носител: ИКС

Партнери: Македонско еколошко друштво (МЕД)

Проект: Мрежа за разновидност на известување 2.0

Целта на проектот е активирање на улогата на граѓанското општество во отфрлањето на наративите за поделба на народите во Западен Балкан и да се заменат со многу потребен позитивен дискурс, придонесувајќи кон зајакнувањето на добрососедските односи и почитувањето на различностите. Со таа цел, проектот ќе поттикне регионална мрежа на ГО да работат заедно со цел да се влијае на квалитетот на медиумските пораки кои влијаат на перцепциите на етничката припадност, религијата и полот како значајни тематски области релевантни за севкупното ниво на разбирање и толеранција во Западен Балкан. Притоа, мрежата за разновидност на известување (RDN 2.0) ќе обезбеди алатки, ресурси и докази за граѓанското општество да може да придонесе кон поинклузивни медиуми и ефикасно креирање политики во областите кои промовираат толеранција и на национално и регионално ниво. Почнувајќи од јануари 2021 година, партнерските организации вршат мониторинг на медиумски содржини кои содржат говор на омраза.

Времетраење: 2020-2024

Донатор: Европска Унија

Носител: Институт за различности во Лондон

Партнери: ИКС, Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), Центар за истражувачко известување, Центар за истражувачко новинарство, КосоваЛајв.

Проект: Меѓународна онлајн микро мастерс програма

Целта на проектот е да го подобри квалитетот на образованието преку извршување на интернационализирано предавање и учење во виртуелна средина и да ги зајакне индивидуалните потенцијали за ефикасно влегување во меѓусебно поврзан, меѓукултурен пазар и учество во јавниот живот. Проектот имплементира две меѓународни онлајн микромагистерски програми, кои с на виртуелен кампус на четирите партнерски институции.

Времетраење: 2018 – 2021

Носител: Универзитетот од Истанбул.

Партнери: ИКС, Факултетот Доба од Словенија и Витаутас Магнус Универзитетот од Литванија.

Донатор: Европска Унија (ЕРАЗМУС+ програма).

Проект: ЕРАЗМУС+ Повелба за високо образование

ИКС беше награден со обновена Повелба за високо образование (ERASMUS+ Charter) за периодот 2021 – 2027 година. Во овој период ИКС ќе ја проширува интернационализацијата на своите студиски програми преку овозможување на мобилност на своите студенти и наставно-научен кадар во институции партнери на ИКС ширум Европа.

Времетраење: 2021 – 2027

Носител: Институт за комуникациски студии

Донатор: Европска комисија (ЕРАЗМУС+ програма).

2020 година

Проекти на ИКС

Проект: Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество

Проектот ќе ги зајакне капацитетите за лобирање и застапување на граѓанските организации и ќе ги употреби овие капацитети за спроведување на кампањи од јавен интерес, ангажирање на различни засегнати страни, подобрување на каналите за комуникација помеѓу граѓанските организации и владата и промовирање на регионална соработка за заеднички теми. Проектот ќе ги зајакне капацитетите за застапување и лобирање на алијанса составена од граѓански организации, медиуми и други актери кои ќе бараат подобрено управување на јавните политики. Проектот има цел да придонесе кон ефективно и инклузивно креирање на политики и нивна имплементација во интерес на граѓаните преку зголемена контрола од граѓанското општество.

Очекувани резултати:

  1. Зајакнати капацитети на граѓанското општество, медиуми и други чинители за барање на добро владеење. Спроведена кампања за застапување и креирање на одржливи ресурси за застапување и лобирање.
  2. Зајакнати канали за комуникација и соработка помеѓу граѓанското општество и носителите на одлуки. Новинарство од јавен интерес и новинарство за животна средина преку „Само Прашај“ и „Дома“.
  3. Проширена регионална соработка за заеднички теми во Западен Балкан и зголемен плурализам на гледишта во медиумите и јавната сфера преку „Рес Публика“ и „Дома“.

Времетраење: 2020 – 2022

Донатор: Британска амбасада Скопје

Проект: Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина (SHAPE)

Целта на проектот е да овозможи за граѓанското општество, особено граѓанските организации (ГО) и младите луѓе, да стекнат збир на вештини и знаења за заштита на јавниот интерес и животната средина во нивните заедници. Проектот предвидува партнерство помеѓу ГО и средните училишта како механизам за зајакнување на локалната соработка на засегнатите страни и ангажирање на младите за почиста и поздрава животна средина.

Времетраење: 2020 – 2022

Донатор: Европска Унија

Носител: ИКС

Партнери: Македонско еколошко друштво (МЕД)

Проект: Мрежа за разновидност на известување 2.0

Целта на проектот е активирање на улогата на граѓанското општество во отфрлањето на наративите за поделба на народите во Западен Балкан и да се заменат со многу потребен позитивен дискурс, придонесувајќи кон зајакнувањето на добрососедските односи и почитувањето на различностите. Со таа цел, проектот ќе поттикне регионална мрежа на ГО да работат заедно со цел да се влијае на квалитетот на медиумските пораки кои влијаат на перцепциите на етничката припадност, религијата и полот како значајни тематски области релевантни за севкупното ниво на разбирање и толеранција во Западен Балкан. Притоа, мрежата за разновидност на известување (RDN 2.0) ќе обезбеди алатки, ресурси и докази за граѓанското општество да може да придонесе кон поинклузивни медиуми и ефикасно креирање политики во областите кои промовираат толеранција и на национално и регионално ниво. Покрај тоа, со поништување на негативниот политички дискурс, индиректно ќе придонесе за унапредување на поодговорно лидерство во политичката сфера.

Времетраење: 2020-2024

Донатор: Европска Унија

Носител: Институт за различности во Лондон

Партнери: ИКС, Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), Центар за истражувачко известување, Центар за истражувачко новинарство, КосоваЛајв.

Проект: Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести

Целта на проектот е преку унапредување на писменоста за вести и на дигиталната писменост, да се подобри ефективноста, одговорноста и етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор. Проектот ќе им помогне на граѓанските организации поефективно да се справуваат со лажните вести и неетичкото известување во медиумите, а корисниците на социјалните медиуми ќе добијат нови ресурси преку кои ќе стекнат знаења како да станат информирана публика која умее критички да пристапува кон онлајн вестите. Исто така, проектот ќе поттикнува дебата за писменоста за вести и дигиталната писменост меѓу новинарите, со акцент на економските и социјалните услови за унапредување на слободата на изразување.

Времетраење: 2018-2020

Носител: Македонскиот институт за медиуми

Партнери: ИКС, Институт за различности во Лондон, Самостоен синдикат за новинари и медиумски работници

Донатор: Европска Унија

Проект: Меѓународна онлајн микро мастерс програма

Целта на проектот е да го подобри квалитетот на образованието преку извршување на интернационализирано предавање и учење во виртуелна средина и да ги зајакне индивидуалните потенцијали за ефикасно влегување во меѓусебно поврзан, меѓукултурен пазар и учество во јавниот живот. Проектот ќе развие и имплементира две меѓународни онлајн микромагистерски програми, кои ќе бидат реализирани од страна на виртуелен кампус на четирите партнерски институции.

Времетраење: 2018 – 2021

Носител: Универзитетот од Истанбул.

Партнери: ИКС, Факултетот Доба од Словенија и Витаутас Магнус Универзитетот од Литванија.

Донатор: Европска Унија (ЕРАЗМУС+ програма).

Проект: Поддршка на доброто владеење за поголема транспарентност и отчетност на јавните институции

Целта на проектот е да ги поттикне граѓаните да се вклучат во јавната дебата преку употреба на медиумски платформи, фокусираат на прашања од јавен интерес. Првата конпонента на проектот е академскиот блог Res Publica на кој редовно се објавуваат блогови, влогови и видео поткаст. Во втората компонета, Само Прашај, се изработуваат видео прилози, фото стории, како и видео одговори на прашања кои граѓаните ги испраќаат преку социјалните мрежи. ДОМА која започна како подсајт на Само Прашај, во 2019 год., продолжи како посебна онлајн платформа, на која се објавуваат видео документарци, фотостории, ресурси за теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливи практики и еколошката свест.

Времетраење: 2018 – 2020

Донатор: Британска амбасада Скопје

2019 година

Донатор: Британска амбасада

Проект: Зајакнување на стратешките комуникации на Влада

Целта на проектот е да ги зајакне стратешките комуникациски капацитети на Владата на Македонија. Во рамки на проектот беше изработена и промовирана новата комуникациска стратегија на Владата, а беше изработен и Етичкиот кодекс за владините службеници како и Водич за кризни комуникации. Дополнително, беа усвоени и ОАЗИС и ГРИД методот од Владата, а беше организиран и ритрит за владини комуникатори во Маврово, две работилници за кризни и внатрешни комуникации во јуни и јули, работилница за кризни комуникации и управување со дигитални медиуми во Скопје како и тренинг за тренери.

Времетраење: 2017-2020

Донатор: Британска амбасада

Проект: Еднаква моќ на жените

Целта на проектот беше засилување на постигнувањето на родова еднаквост. Во рамки на проектот беа развивани претприемачки вештини за млади и за претставници на граѓански организации. Проектот имаше цел да ја подигне свеста за балансираното учество на жените и мажите на водечки позиции во бизнисот и невладиниот сектор, како и да ги обучи младите да стекнат вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.

Времетраење: 2017-2019

Партнер: Изида Вита, Словенија

Донатор: Министерство за надворешни работи на Р. Словенија

Проект: Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести

Целта на проектот е преку унапредување на писменоста за вести и на дигиталната писменост, да се подобри ефективноста, одговорноста и етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор. Проектот ќе им помогне на граѓанските организации поефективно да се справуваат со лажните вести и неетичкото известување во медиумите, а корисниците на социјалните медиуми ќе добијат нови ресурси преку кои ќе стекнат знаења како да станат информирана публика која умее критички да пристапува кон онлајн вестите. Исто така, проектот ќе поттикнува дебата за писменоста за вести и дигиталната писменост меѓу новинарите, со акцент на економските и социјалните услови за унапредување на слободата на изразување.

Времетраење: 2018-2020

Носител: Македонскиот институт за медиуми

Партнери: ИКС, Институт за различности во Лондон, Самостоен синдикат за новинари и медиумски работници

Проект: Меѓународна онлајн микро мастерс програма

Целта на проектот е да го подобри квалитетот на образованието преку извршување на интернационализирано предавање и учење во виртуелна средина и да ги зајакне индивидуалните потенцијали за ефикасно влегување во меѓусебно поврзан, меѓукултурен пазар и учество во јавниот живот. Проектот ќе развие и имплементира две меѓународни онлајн микромагистерски програми, кои ќе бидат реализирани од страна на виртуелен кампус на четирите партнерски институции.

Времетраење: 2018 – 2021

Носител: Универзитетот од Истанбул.

Партнери: ИКС, Факултетот Доба од Словенија и Витаутас Магнус Универзитетот од Литванија.

Донатор: Европска Унија (ЕРАЗМУС+ програма).

2018 година

Проекти на ИКС

Проект: Поддршка на доброто владеење за поголема транспарентност и отчетност на јавните институции

Целта на проектот е да ги поттикне граѓаните да се вклучат во јавната дебата преку употреба на медиумски платформи, фокусираат на прашања од јавен интерес. Во 2018 година креиравме нова веб платформа „ДОМА“ (http://doma.edu.mk/);  изработивме интерактивни едукативни материјали и ресурси за дигитален активизам како и едукативни материјали и ресурси за блогирање;  спроведовме две работилници за албански блогери и три работилници за невладини организации за комуницирање, застапување и креирање на јавни политики; склучивме 28 договори за соработка со организации и медиуми од Западен Балкан (Србија, Косово, Црна Гора, БиХ, Албанија);  објавивме блогови, поткасти, влогови за различни теми од јавен интерес и документарни филмови за заштита на животната средина.

Времетраење: 2018 – 2020

Донатор: Британска амбасада

Проект: Зајакнување на стратешките комуникации на Влада

Целта на проектот е да ги зајакне стратешките комуникациски капацитети на Владата на Македонија. Во рамки на проектот беше изработена и промовирана новата комуникациска стратегија на Владата, а беше изработен и Етичкиот кодекс за владините службеници како и Водич за кризни комуникации. Дополнително, беа усвоени и ОАЗИС и ГРИД методот од Владата, а беше организиран и ритрит за владини комуникатори во Маврово, две работилници за кризни и внатрешни комуникации во јуни и јули, работилница за кризни комуникации и управување со дигитални медиуми во Скопје како и тренинг за тренери.

Времетраење: 2017-2020

Донатор: Британска амбасада

Проект: Еднаква моќ на жените

Целта на проектот беше засилување на постигнувањето на родова еднаквост. Во рамки на проектот беа развивани претприемачки вештини за млади и за претставници на граѓански организации. Во март 2018 година, организиравме веб конференција „Еднаква моќ на жените – како да ја промениме состојбата“ на која се презентираа најдобрите практики и последните трендови за родовата еднаквост во економијата. Во октомври организиравме обука за „Урамнотежено лидерство во бизнисот кај младите луѓе“. Изготвивме и публикација „Нacoки за урамнотежено лидерство во македонските организации“ која има конкретни кадровски мерки и алатки за кариерен развој на жените и на мажите во иста мера. Исто така, собрани беа 32 потпишани изјави на компании кои ќе пристапат кон процесот на урамнотежување на вработените во различни нивоа од организациите, аподготвивме и четири изданија на е-магазинот „Еднаква моќ на жените“.

Времетраење: 2017-2019

Партнер: Изида Вита, Словенија

Донатор: Министерство за надворешни работи на Р. Словенија

Проект: ДигитАКТ: Комуницирање за промени

Главната цел на проектот беше развој на капацитетите на граѓанските организации и граѓанските иницијативи за ефективна комуникација со граѓаните, целните групи и медиумите, овозможувајќи им да ги „продаваат“ своите приказни пред јавноста, да произведат поголем пристап до јавноста и да го зајакнат нивниот имиџ како застапници за интересите на јавноста. Исто така, целта беше подобра интерактивна комуникација и соработка на граѓанските организации со граѓаните и медиумите користејќи ги нови медиуми.

Времетраење: 2017 – 2018

Донатор: Цивика Мобилитас

Проект: Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести

Целта на проектот е да се подобри ефективноста, одговорноста и етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор. Во рамките на проектот ја изработивме новата веб платформа „Стопдезинформации“ http://stopdezinformacii.mk/,  жги истражувавме навиките на корисниците на социјалните мрежи, a во неделата против лажните вести која што се реализираше од 12ти до 18ти ноември органииравме серија обуки, дебати, онлајн квизови и видео туторијали.

Донатор: Европска Унија

Проект: Меѓународна онлајн микро мастерс програма

Целта на проектот е да го подобри квалитетот на образованието преку извршување на интернационализирано предавање и учење во виртуелна средина и да ги зајакне индивидуалните потенцијали за ефикасно влегување во меѓусебно поврзан, меѓукултурен пазар и учество во јавниот живот. Проектот ќе развие и имплементира две меѓународни онлајн микромагистерски програми, кои ќе бидат реализирани од страна на виртуелен кампус на четирите партнерски институции.

Времетраење: 2018 – 2021

Носител: Универзитетот од Истанбул.

Партнери: ИКС, Факултетот Доба од Словенија и Витаутас Магнус Универзитетот од Литванија.

Донатор: Европска Унија (ЕРАЗМУС+ програма).

Проекти на ВШ

Проект: Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање на коалиција за медиумска и информациска писменост – МАМИЛ

Главната цел на проектот беше да се создаде коалиција на медиуми и граѓански организации кои заеднички ќе спроведат активности со цел промовирање на медиуми и информатичка писменост (МИЛ) во Македонија. Придобивките од работата на коалицијата беа повеќекратни: зајакнување на граѓаните подобро да ги сфаќаат информациите што ги конзумираат на дневна основа и да станат активно вклучени во јавната сфера и процесот на креирање политики и; им овозможи на медиумите соодветно да ја извршуваат својата идеална улога како чувари на општеството и јавниот интерес.

Времетраење: 2016 – 2018

Донатор: Европска Унија

Проект: Виртуелен кампус за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации E-PROFMAN

Целта на проектот беше креирање на онлајн програмата за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации – е-ПРОФМАН. Во рамките на едногодишната програма, млади професионалци и студенти усовршуваа менаџерски, лидерски и комуникациски вештини потребни за конкурентното бизнис опкружување.

Времетраење: 2016-2018

Донатор: Европска Унија, Еразмус+ програма

Носител: Високата школа

Партнери: ДОБА факултет и Универзитетот во Истанбул

2017 година

Проекти на ИКС

Проект: Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија

Цел на проектот е да се подигне свеста на граѓаните и враќање на улогата на невладините организации, граѓаните и медиумите како чувари на јавната политика во земјата, нудејќи платформи за размена на информации, анализи, дебати и опции и алтернативи на политиката.

Во 2017 година реализиравме повеќе активности:  1. Продукција и постпродукција на медиумски производи (инфографикони, презентации, графики, транспаренти итн.) подготвени од граѓански организации-грантисти, а финализирани од ИКС;  2. Изработивме едукативни материјали и ресурси за невладините организации кои ќе им помогнат поефикасно да ги постигнат своите цели, преку производство на аудио-визуелни ресурси за разни теми; 3. Креирани се два документи за политики од јавен интерес;  4. Изработена е интерактивна алатка на веб-страницата „Самопрашај“, наменета за граѓаните да поставуваат прашања од јавен интерес, релевантни за работата и целите на НВО-те што учествуваат, но и за прашања кои не се опфатени со НВО, но кои се од јавен интерес и дел за најчесто поставувани прашања; 5. Подготовка и споделување на блогови и подкасти во рамки на ResPublicа како и преземање на блогови од Project Syndicate.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатор: Британска амбасада

Проект: Мониторинг на демократијата во Македонија – МОДЕМ

Целта на проектот беше: (1) да се воспостави здрав механизам за откривање и надминување на пречките за енергична и слободна политичка дебата во периодот пред и за време на изборната кампања; (2) да се следи нивото на политички плурализам за време на официјалниот период на предизборна кампања и (3) да се подигне критичката свест на граѓаните за формите на политичка манипулација со медиумите и да се предложат чекори и мерки за подобрување на политичкиот плурализам во медиумите.  Проектот МОДЕМ имаше цел да ги следи медиумските содржини и врз база на набљудувањата да изработи анализи кои треба да докажат дали постои корозирано медиумско известување кое би го загрозувало политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатори: Европска Унија и Британска амбасада

Проект: Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија

Целта на проектот беше да се претстават резултатите од кварталните извештаи од следењето на работата на Државниот завод за ревизија. Беа изработени 4 (четири) инфографикони кои беа објавени на веб страницата на СамоПрашај.мк и истите споделени на социјалните медиуми.

Времетраење: 2016-2017

Проект: Зајакнување на стратешките комуникации на Влада

Целта на проектот е да ги зајакне стратешките комуникациски капацитети на Владата на Македонија. Во рамки на проектот беше изработена и промовирана новата комуникациска стратегија на Владата, а беше изработен и Етичкиот кодекс за владините службеници како и Водич за кризни комуникации. Дополнително, беа усвоени и ОАЗИС и ГРИД методот од Владата, а беше организиран и ритрит за владини комуникатори во Маврово, две работилници за кризни и внатрешни комуникации во јуни и јули, работилница за кризни комуникации и управување со дигитални медиуми во Скопје како и тренинг за тренери.

Времетраење: 2017-2020

Донатор: Британска амбасада

Проект: ДигитАКТ: Комуницирање за промени

Во 2017 година Институтот за комуникациски студии го започна проектот ДигитАКТ: Комуницирање за промени чија цел е да воспостави подобра интерактивна комуникација и соработка на граѓанските организации со граѓаните, целната публика и медиумите користејќи ги нови медиуми. Во рамки на овој проект беа реализирани повеќе активности:  спроведовме истражување и анализа на комуникациските практики на граѓанските организации и инцијативи во Македонија. Исто така беше отворен повик и селектирани 16 претставници на граѓански организации за учество на обуки и менторство со кои би ги зајакнале своите комуникациски капацитети. Избраните граѓански организации и анализата беа промовирани на прес конференција која се одржа на 15 декември, 2017 година.

Времетраење: 2017-2018

Донатор: Цивика Мобилитас

Проект: Еднаква моќ за жените

Во 2017 година Институтот за комуникациски студии и Изида Вита од Словенија го започна тригодишниот проектот „Еднаква моќ за жените“, чија цел е поттикнување на родовата еднаквост. Во рамки на овој проект беше спроведено истражување за родова еднаквост за да се дознае кои се причините за отстапувањата во областа на вработувањето на мажите и жените во Македонија, дали големите и средните компании во Македонија се свесни за овие факти, а ако се, кои мерки и активности ги преземаат за да ја исправат неправдата. Исто така изготвивме и база на електронски податоци на средни и големи компании со цел да се информираат за истражувањата и другите активности.

Партнер: Изида Вита, Словенија

Донатор: Министерство за надворешни работи на Р. Словенија

Проекти на ВШ

Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање на коалиција за медиумска и информациска писменост – МАМИЛ

Главната цел на проектот беше да се создаде коалиција на медиуми и граѓански организации кои заеднички ќе спроведат активности со цел промовирање на медиуми и информатичка писменост (МИЛ) во Македонија. Придобивките од работата на коалицијата беа повеќекратни: зајакнување на граѓаните подобро да ги сфаќаат информациите што ги конзумираат на дневна основа и да станат активно вклучени во јавната сфера и процесот на креирање политики и; им овозможи на медиумите соодветно да ја извршуваат својата идеална улога како чувари на општеството и јавниот интерес.

Времетраење: 2016 – 2018

Партнер: Институтот за различности во Лондон, Велика Британија

Донатор: Европска Унија

Проект: Граѓаните во Собранието: законодавни иницијативи за човекови права

Целта на проектот беше поттикнување и поддршка на граѓански законодавни иницијативи за човекови права и вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на донесување закони. Во проектот беа изведени низа обуки и активности за делотворна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Собранието на РМ.

Времетраење: 2016 – 2018

Донатор: Вестминстер фондација за демократија

Проект: Виртуелен кампус за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации E-PROFMAN

Целта на проектот беше креирање на онлајн програмата за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации – е-ПРОФМАН. Во рамките на едногодишната програма, млади професионалци и студенти усовршуваа менаџерски, лидерски и комуникациски вештини потребни за конкурентното бизнис опкружување.

Времетраење: 2016-2018

Донатор: Европска Унија, Еразмус+ програма

2016 година

Проекти на ИКС

Проект: СКОПС (SCOPES – Public Service Broadcasting)

Во 2015 година почна со реализација научно истражувачкиот проект: „Преспективи и развој на јавните емитувачи: Компаративна студија за развој на јавните РТВ сервиси на западен Балкан во светлината на ЕУ интеграциите“. Цел на проектот беше да се истражи положбата, улогата, финансирањето и иднината на јавните радиотелевизиски сервиси во шест земји во Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косова, Македонија и Србија. Проектот го координираше Центарот за општествени истражувања „Аналитика“ од Сараево во соработка со Универзитетот во Фрајбург.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатор: Швајцарска национална фондација за наука

Проект: МОДЕМ – Мониторинг на демократијата во Македонија

Во периодот од ноември 2015 до декември 2016 година, Институтот за комуникациски студии спроведуваше мониторинг и анализа на начинот на кој телевизиите на државно ниво во Македонија известуваа за различните политички гледишта и идеи, односно мерата во која на различните политички актери во земјата им обезбедија пристап до нивните дневно-информативни програми. Во текот на 2016 година првата фаза на мониторингот се спроведуваше заклучно со месец април, а втората фаза во септември и октомври. Во текот на ноември и декември МОДЕМ беше фокусиран на набљудување на известувањето за изборната кампања за пралемнтарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година. Во рамки на целиот проект МОДЕМ се објавени вкупно 19 неделни извештаи (до април 2016) и 11 месечни извештаи вклучително и извештаите од мониторингот на изборите.

Проект: Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија

Целта на проектот е враќање на улогата на невладините организации, граѓаните и медиумите како чувари на јавната политика во земјата, нудејќи платформи за размена на информации, анализи, дебати и опции и алтернативи на политиката. Во рамките на проектот се објавија неколку анализи: „Приватност, информирање, и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае“; „Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија“; „Кампањи од јавен интерес на Македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда“. Со проектот ја создадовме платформата www.samoprasaj.mk, а се создаваа и академски блогови со прашањата од јавен интерес кои се објавени на www.respublica.edu.mk.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатор: Британска амбасада

Проекти на ВШ

Проект: Градење на довербата во медиумите во Југоисточна Европа

Целта на проектот беше да се врати довербата во медиумите преку почитување на професионалните новинарски стандарди и јакнење на само-регулаторните механизми во новинарството, како и да се зајакне слободата на изразување и слободата на медиумите во Југоисточна Европа.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатор: Европската Унија и УНЕСКО

Проект: Комуникациски практики во контекст на општествени протести и барање за јавна отчетност

Целта на проектот беше да ги истражува комуникациските практики на медиумите, активистите и владините претставници за време на протести. Во Македонија беа анализирани три студии на случај: 1) Протестите на Студентскиот пленум 2) Протестите за ослободување на Кежаровски и 3) Протестите за ослободување на ГТЦ – Го сакам ГТЦ. Врз основа на ваквата перспектива, проектот ги идентификуваше условите под кои учесниците можат да имаат конструктивна или деструктивна улога во одржување на јавниот мир.

Времетраење: 2014 – 2016

Носител на проектот: Медиа центар Сараево

Партнери на проектот: Високата школа и Институтот за медиуми, Тирана

(Ин)Формирање за превенција, реакција и решавање на конфликти – ИНФОКОР

Цел на проектот беше да ги идентификува условите под кои медиумите можат да имаат конструктивна или деструктивна улога во спречувањето, менаџирањето и решавањето на насилен конфликт, како и во градењето одржлив мир. Тој беше фокусиран на три главни региони – Средниот Исток, Западен Балкан, и Африканската област на Големите езера.  Главна цел беше да се истражи улогата на медиумите во појавувањето или спречувањето, во ескалирањето или деескалирањето во менаџирањето, решавањето или процесот на помирување по насилните конфликти.

Времетраење: 2014 – 2017

Партнер: Висока школа

Проект: Поврзување на млади луѓе со потекло од поранешна Југославија преку радио продукција

Цел на проектот беше да ги поврзе младите луѓе и студенти од поранешните југословенски републики да научат да работат радио новинарство но и да научат повеќе и да известуваат за теми релевантни за Европската Унија и пристапувањето на земји членки во ЕУ.

Времетраење: 2015 – 2016

Партнери: Висока школа / ORANGE FM Radio Vienna / Студент ФМ од Сараево

2015 година

Проекти на ИКС

Проект: МОДЕМ-Мониторинг на демократијата во Македонија

Во периодот од ноември 2015 до декември 2016 година, Институтот за комуникациски студии спроведуваше мониторинг и анализа на начинот на кој телевизиите на државно ниво во Македонија известуваа за различните политички гледишта и идеи, односно мерата во која на различните политички актери во земјата им обезбедија пристап до нивните дневно-информативни програми. Во текот на 2016 година првата фаза на мониторингот се спроведуваше заклучно со месец април, а втората фаза во септември и октомври. Во текот на ноември и декември МОДЕМ беше фокусиран на набљудување на известувањето за изборната кампања за пралемнтарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година. Во рамки на целиот проект МОДЕМ се објавени вкупно 19 неделни извештаи (до април 2016) и 11 месечни извештаи вклучително и извештаите од мониторингот на изборите.

Проект: Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија

Целта на проектот е враќање на улогата на невладините организации, граѓаните и медиумите како чувари на јавната политика во земјата, нудејќи платформи за размена на информации, анализи, дебати и опции и алтернативи на политиката. Во рамките на проектот се објавија неколку анализи: „Приватност, информирање, и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае“; „Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија“; „Кампањи од јавен интерес на Македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда“. Со проектот ја создадовме платформата www.samoprasaj.mk, а се создаваа и академски блогови со прашањата од јавен интерес кои се објавени на www.respublica.edu.mk.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатор: Британска амбасада

Проекти на ВШ

Проект: (Де)конструирај ги медиумите: пораката зад пораката

Целта на овој проект беше да ја поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги толкуваат и критички оценат медиумските содржини на кои се постојано изложени. На конкурсот „Изрази се преку медиумите“ учество земаа повеќе од 40 средношколци со изработени видеа, фото-приказни и постери.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатор: Американска амбасада

Проект: „Комуникациски практики во контекст на општествени протести и барање за јавна отчетност”

Проектот има за цел да ги истражува комуникациските практики во медиумите, активистите и владините преставници во време на протести, преку идентификување на условите под кои учесниците можат да имаат конструктивна или деструктивна улога во одржување на јавниот мир. Како партнери на Високата школа во овој проект се и институции од Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Времетраење: 2014 – 2016

Носител: Медиа центар Сараево.

Партнери: Висока школа, Институт за медиуми Тирана

Донатор: Регионална програма за промовирање на истражувањето

(Ин)Формирање за превенција, реакција и решавање на конфликти – ИНФОКОР

Цел на проектот беше да ги идентификува условите под кои медиумите можат да имаат конструктивна или деструктивна улога во спречувањето, менаџирањето и решавањето на насилен конфликт, како и во градењето одржлив мир. Тој беше фокусиран на три главни региони – Средниот Исток, Западен Балкан, и Африканската област на Големите езера.  Главна цел беше да се истражи улогата на медиумите во појавувањето или спречувањето, во ескалирањето или деескалирањето во менаџирањето, решавањето или процесот на помирување по насилните конфликти.

Времетраење: 2014 – 2017

Партнер: Висока школа

Проект: Поврзување на млади луѓе со потекло од поранешна Југославија преку радио продукција

Цел на проектот беше да ги поврзе младите луѓе и студенти од поранешните југословенски републики да научат да работат радио новинарство но и да научат повеќе и да известуваат за теми релевантни за Европската Унија и пристапувањето на земји членки во ЕУ.

Времетраење: 2015 – 2016

Партнери: Висока школа / ORANGE FM Radio Vienna / Студент ФМ од Сараево

Донатор: Европска Унија, Еразмус+ програма

Проект: Виртуелен кампус за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, Факултетот за применети бизнис и општествени студии Доба од Словенија и Истанбул Универзитетот од Турција во 2015 година почнаа со креирање на курикулум за заедничка програма за професионален развој. Целта на програмата е во наредните три години виртуелниот кампус на трите високообразовни институции да развиваат и промовираат пристап на онлајн учење и виртуелна мобилност, како и меѓународно признато знаење и развивање на интеркултурна соработка. Преку едногодишните програми ќе можат 60 млади професионалци и студенти да ги усовршаат лидерските, бизнис и комуникациски вештини потребни за менаџерски позиции во меќународното бизнис опкружување, ќе се стекнат со сертификати признати во Македонија, Турција и Словенија и ќе се здобијат со 60 ЕКТС кредити.

Партнери: ДОБА универзитет, Словенија и Универзитетот од Истанбул, Турција

Донатор: Национална агенција за европски програми и мобилност

(Ин)Формирање за превенција, реакција и решавање на конфликти – ИНФОКОР

Цел на проектот беше да ги идентификува условите под кои медиумите можат да имаат конструктивна или деструктивна улога во спречувањето, менаџирањето и решавањето на насилен конфликт, како и во градењето одржлив мир. Тој беше фокусиран на три главни региони – Средниот Исток, Западен Балкан, и Африканската област на Големите езера.  Главна цел беше да се истражи улогата на медиумите во појавувањето или спречувањето, во ескалирањето или деескалирањето во менаџирањето, решавањето или процесот на помирување по насилните конфликти.

Времетраење: 2014 – 2017

Партнер: Висока школа

2014 година

Проекти на ВШ

Проект: Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелната индустрија во Република Македонија

Проектот имаше цел да ја промовира разноликоста на културното изразување и да го поттикне регионалниот и локалниот развој, преку идентификување на најдобрите искуства и практики кои што ќе бидат инкорпорирани во национална стратегија која треба да ги поврзе културните и креативните индустрии со другите општествени сектори и економијата.

Времетраење: 2013 – 2015

Донатор: УНЕСКО

Проект: „Медиум“

Средношколскиот весник „Медиум“ во 2014 година ја започна четвртата сезона на издавање во печатеното издание на весникот Нова Македонија, каде што излегува како подлисток еднаш месечно. „Медиум“ стана препознатлив кај средните училишта како платформа за објавување на активностите, проектите и успесите на учениците. Проектот е одлична можност за промоција на средношколците и училиштата, при што тие можат да пишуваат информации за различни активности (училишни, спортски, забава, технологија, натпревари итн.) и есеи на теми кои ги засегаат младите луѓе.

Проект: Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа

Проектот Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа има за цел да постигне зајакнато и подинамично граѓанско општество во регионот го реализираа Мрежата за медиумска професионализација на Југоисточна Европа и Македонскиот институт за медиуми. За потребите на проектот беше реализирано истражување, кое се фокусираше на неколку клучни области од медиумите и новинарството: медиумските политики, новинарството и новинарските практики, финансирањето на медиумите, сопственичката структура во медиумите и јавниот сервис.

Проект: (Де)конструирање на медиумите

Проектот „(Де)конструирање на медиумите“ којшто Високата школа почна да го спроведува во мај 2014 година и има за цел да ја унапреди медиумската и дигиталната писменост меѓу средношколците. Одржана е работилница за медиумска и дигитална писменост за 60 средношколци од повеќе скопски училишта, а организиравме и летен камп за медиумска и дигитална писменост. Одржавме дискусија за медиумска писменост, на која стотина средношколци, родители и професори дискутираа за влијанието на телевизијата и филмовите врз градењето на идентитетот на адолесцентите, за сигурноста и заштитата на приватноста при социјалното вмрежување, за предностите и недостатоците на мобилните телефони и видео игрите, за културата што се шири преку музиката и сликите на интернет и за тоа што значи е-активизам и е-демократија. Се одржа и средба со пратеници во Собранието на РМ , а организиран беше и Медиумски ден.

Проект: „Комуникациски практики во контекст на општествени протести и барање за јавна отчетност”

Проектот има за цел да ги истражува комуникациските практики во медиумите, активистите и владините преставници во време на протести, преку идентификување на условите под кои учесниците можат да имаат конструктивна или деструктивна улога во одржување на јавниот мир. Како партнери на Високата школа во овој проект се и институции од Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Времетраење: 2014 – 2016

Носител: Медиа центар Сараево.

Партнери: Висока школа, Институт за медиуми Тирана

Донатор: Регионална програма за промовирање на истражувањето

2013 година

Проекти на ВШ

Проект: Набљудување на известувањето на медиумите за партиско – политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период

Високата школа, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија и Мисијата на ОБСЕ во 2013 година го реализираа проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско – политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период“. Целта на проектот беше да утврди на кој начин медиумите известуваат за и околу локалните избори, односно дали тие и самите се извор, или пак, придонесуваат кон разгорување на партиско – политички и меѓуетнички тензии.

Времетраење: 2013

Донатор: ОБСЕ

Проект: „Изрази се преку медиумите“

Високата школа, во соработка со Министерството за образование и наука, во периодот од април до мај, 2013 година го реализираше проектот Изрази се преку медиумите“, на тема: „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата“. Конкурсот беше презентиран во 50-тина средни училишта во 32 градови и преку повеќе национални и локални медиуми. Од пристигнати вкупно 140 производи, 10 апликанти се здобија со стипендии за студирање, 3 апликанти беа наградени со лап топ, камера и фотоапарат, а признанија добија 5 апликанти.

Времетраење: 2013

Донатор: Министерство за образование и наука

Проект: Програмата за зачувување на природата на Република Македонија

Во текот на јули и август 2013 година, тимот на Високата школа подготви комуникациска стратегија за Програмата за зачувување на природата на Република Македонија.  Стратегијата содржи препораки и инструменти за ефективно управување со внатрешната и надворешната комуникација, како и кампања за информирање на јавноста и подигнување на свесноста околу потребата за зачувување на природата на РМ.

Програмата беше координирана од проектен тим кој се состоеше од претставници од Швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation и локалниот партнер од Македонија – Фармахем од Скопје и поддржана од  Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион.

Проект: „(Де)конструирање на медиумите“ – Фондација Евенс

Целта на проектот е стекнување на вештини за анализа, декодирање и производство на медиумски содржини меѓу средношколците во Македонија.

Организиравме работилници за учениците и професорите од средните училишта кои работат во областа на новинарството, пишувањето и дигиталните технологии. На работилниците имаа можност да научат повеќе за значењето и влијанието на медиумската и дигиталната писменост врз нивните ставови и да се стекнат со знаења и вештини како да продуцираат медиумски содржини.

Во рамки на овој проектот кој ќе трае до март 2014 година, ќе се креираат и онлајн ресурси наменети за училиштата, учениците, наставниците и родителите. Ресурсите ќе содржат практични и етички упатства и насоки за различни теми и аспекти на медиумската и дигиталната писменост. Онлајн ресурсите ќе бидат достапни на www.medium.edu.mk, која треба да прерасне во мрежа на веб-страниците на среношколските училишта и нивните онлајн весници.

Времетраење: 2013-2014

Донатор: Проектот беше поддржан од белгиската Фондација „Евенс“.

Проект: „Медиум“

Средношколскиот проект „Медиум“ во 2013 година функционираше он-лајн и Високата школа раководеше самостојно преку контакти со новинарските секции и  индивидуално со ученици и професори кои испраќаа вести и информации кои се однесуваат на средношколците. „Медиум“ стана препознатлив кај средните училишта како платформа за објавување на активностите, проектите и успесите на учениците.

Во интерес на збогатување на ресурсите за креирање медиумски содржини, „Медиум“ со поддршка на холандската фондација „Democratie en Media“ креираше три туторијали со правила за пишување за на веб, фотографирање и снимање и монтирање.

2012 година

Проекти на ВШ

Проект: УНИЦЕФ „Изрази се преку медиумите“

Проектот има за цел да ги стимулира средношколците јавно да ги искажат своите гледишта за надминување на насилството во училиштата преку изработка на медиумски производи. Преку медиумските производи, средношколците испратија пораки дека треба да се зголеми толеранцијата, да се избегнува насилството за решавање на конфликтните ситуации и дека треба да се создаде позитивна и сигурна училишна средина од страна на сите членови на заедницата – ученици, професори, родители и институции. Од вкупно 167 медиумски производи на средношколци од цела Македонија на конкурсот беа избрани 14 најдобри. За избраните медиумски производи, десетмина учесници матуранти добија стипендии за студирање на Високата школа. Средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и уште тројца средношколци беа наградени со камера, лаптоп и фотоапарати.

Партнери: Канцеларија на УНИЦЕФ во Скопје, Министерство за образование и наука

Проект: „Медиум“

Проектот „Медиум“, е заеднички проект на дневниот весник Нова Македонија и Високата школа, а наменет за средношколците, каде што првичната реализација (февруари 2011-2012) опфаќаше објавување на печатено, месечно издание Медиум, како подлисток во дневниот весник Нова Македонија, е-издание на истото и посебна веб страница како платформа на која ќе бидат објавувани содржини од и за средношколците.

2011 година

Проекти на ВШ

Проект: „Медиум“

Тргнувајќи од фактот што во последните десетина години интересот на младите за користење на традиционалните печатени медиуми сè повеќе опаѓа, како и тоа дека младите се помалку ги негуваат навиките на читање, Високата школа веќе неколку години остварува соработка со литературните секции во средните училишта, заради поттикнување на интересот кај средношколците за читањето, информирањето и за новинарското изразување.

Оваа соработка во текот на 2011 година резултираше со иницијативата за формирање средношколски весник „Медиум“, како заеднички проект на дневниот весник Нова Македонија и Високата школа наменет за средношколците кои се заинтересирани за новинарството. Главните активности опфаќаат објавување на печатено, месечно издание Медиум, како подлисток во дневниот весник Нова Македонија, како и онлајн издание на Медиум (www.medium.edu.mk), односно веб-страница наменета првенствено за средношколци и тинејџери кои сакаат да пишуваат и учат за новинарството, медиумите и медиумската култура.

Проект: Медиумска писменост

Во соработка со Македонскиот институт за медиуми, Високата школа во изминатите три години го реализираше проектот „Медиумска писменост“ во основните и средните училишта, со цел да се подобри и зголеми разбирањето и критичката свест кај децата и средношколците за медиумските содржини. Над 1.100 професори беа обучени да ја опфатат областа на медиумската писменост при спроведувањето на наставните содржини по предметот мајчин јазик. Како дел од проектот беше подготвен и испечатен прирачник, поставен е веб-портал и беше организирана конференција со еминентни домашни и меѓународни експерти од областа. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Проект: www.multiviamedia.edu.mk

Високата школа во соработка со МИМ ја креираше првата средношколска веб- платформа на повеќе јазици, за која средношколците од цела Македонија изработуваа мултимедијални производи на својот мајчин јазик за теми од областа на секојдневието, културното наследство, спортот, уметноста и забавата.

Проект: Здружение за односи со јавноста на Македонија

Високата школа иницираше формирање на прво здружение за односи со јавноста во државата, кое ќе работи на зголемување на професионалните стандарди, на подигнување на свеста за улогата на комуницирањето и односите со јавноста, на промовирање на професијата и поттикнување на  соработката меѓу професионалците од оваа област во Македонија и во регионот.

За таа цел, повеќе од 70 стручњаци за комуникации и односи со јавноста го формираа првото Здружение за односи со јавноста во Македонија (ЗОЈМ). Здружението треба да придонесе да се подигне свеста за значењето и улогата на професионалните односи со јавноста, да се зголеми транспарентноста и отчетноста на институциите и компаниите и да се подобри комуникацијата и соработката со новинарите и медиумите.