Вести

Судиите не се конзистентни во одлучувањето во спорови од јавен интерес

Судиите не постапуваат конзистентно во случаи од јавен интерес, и го чуваат угледот на неколку функционери наместо јавниот интерес. Бројот на квалитетни судии константно се намалува. Македонија има инфлација на судии, но истовремено и многу бавна, но и скапа правда. Ова се само некои од заклучоците од дебатата „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“, на којашто учествуваа околу 60 претставници на судството, адвокатурата, медиумите, невладините организации, академската заедница и јавната администрација.

Повеќе: Судиите не се конзистентни во одлучувањето во спорови од јавен интерес

ERASMUS POLICY STATEMENT - ICS

The Institute of Communication Studies (ICS) supports the EU Modernization and Internationalization Agenda for Higher Education, and the Erasmus Mobility Programme is integral to the realization of our institutional plans, strategies and aspirations.

Повеќе: ERASMUS POLICY STATEMENT - ICS

Џон Овен: Лиценцирањето новинари е ужасна идеја

Начинот на кој се води една држава одредува и какви медиуми ќе има. Политичарите треба да покажат волја да создадат услови со кои ќе го поддржат новинарството, правото на критика. Новинарите пак треба да се солидаризираат, а не да почнат да издаваат лиценци за новинари, тоа е ужасна идеја, вели американскиот професор по новинарство, Џон Овен. Во моментов раководи со Фронтлајн во Лондон, а во својата богата кариера бил уредник во канадски Си-Би-Ес, Ал Џезеира, прв човек на Фридом форум за Европа, а деновиве во Скопје разговараше со новинарите и сопствениците на медиуми за промените во медиумскиот простор за кои во моментов преговаарт политчарите.

Повеќе: Џон Овен: Лиценцирањето новинари е ужасна идеја

Декемвриски теми за блогирање

Уредувачкиот одбор на ResPublica ги објави темите за месец декември на кои експерти, професори, истражувачи, активисти, медиумски професионалци, студенти, јавни службеници и други заинтересирани можат да пишуваат академски блогови.

Повеќе: Декемвриски теми за блогирање

Одржани четири работилници со новинари за новинарство од јавен интерес

Институтот за комуницикациски студии (ИКС) во октомври и ноември организираше четири работни средби со претставници на различни медиуми во Македонија со цел да се утврди дали и на кој начин во редакциите се практикува новинарство од јавен интерес. На средбите се разговараше дали медиумите имаат свои интерни новинарски кодекси или насоки за продуцирање медиумски содржини, начините на кои се носат одлуки во редакцијата кои содржини ќе бидат публикувани, на кое место, потоа дали се прави разлика меѓу јавен, државен и национален интерес, колку е познат концептот за тестот за јавен интерес и сл.

Повеќе: Одржани четири работилници со новинари за новинарство од јавен интерес

Почна академската година

Новата генерација на постдипломци ја започнаа академската година со предметите Лидерство и управување со комуникации и Стратегиски комуникации и кризно комуницирање. Во текот на едногодишните и двегодишните магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации, тие ќе се оспособат да ги детектираат и истражуваат општествените појави во научното поле на комуникациите и да развиваат иновативни концепти за комуникација во различни општествени сегменти.

Повеќе: Почна академската година

Постдипломците дискутираа за значењето и деградацијата на поимот јавност

Односите со јавноста, огласувањето и новинарството имаат клучна одговорност во уништувањето на онлајн јавната сфера ако придонесуваат кон нејзина окупација и злоупотреба заради демонстрирање на нечија власт. За ова постдипломците по менаџирање на стратегиски комуникации дискутираа на средбата со професорот Пеџа Ашанин Голе од Словенија. Тие разговараа за деградацијата на поимот јавност и за улогата на јавноста, јавното, публицитетот, јавната сфера и интернетот во развојот на демократската мисла.

Повеќе: Постдипломците дискутираа за значењето и деградацијата на поимот јавност

Првите магистри ги одбранија нивните трудови

Четири постдипломки на магистерските студии успешно ги одбранија нивните трудови во текот на септември и октомври и се стекнаа со научно звање магистер по менаџирање на стратегиски комуникации. Kомисиите за одбрана ги оценија магистерските работи како научно и стручно издржани, кои можат да служат како дополнување на досегашните достигнувања на теоријата и праксата. Покрај тоа што претставуваат интересно четиво од академски аспект, магистерските работи имаат и практична тежина и можат да се препорачаат на сите професионалци кои работат во областа на комуникациите.

Повеќе: Првите магистри ги одбранија нивните трудови

Приклучи се на блогерите за јавен интерес

Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica ги повикува сите професори, студенти, медиумски и политички експерти, јавни службеници и други професионалци да се приклучат на иницијативата со пишување на академски блогови за теми за кои имаат докажана експертиза и искуство. Со блоговите треба да се подобри разбирањето кај јавноста за актуелните проблеми во општеството и да се понудат одржливи решенија содржани во академски статии и истражувања.

Повеќе: Приклучи се на блогерите за јавен интерес

Одговорно и отчетно владеење ќе овозможи остварување на јавниот интерес

Поголема транспарентност во работата на власта и овозможување суштинска дебата која ќе ги канализира ставовите на различни групи граѓани, се предуслови за одговорно и отчетно владеење. Само на овој начин ќе може целосно да се остварува јавниот интерес, кој во Македонија различни елити на моќ неретко го инструментализираат. Ова е еден од заклучоците од денешната конференција што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“.

Повеќе: Одговорно и отчетно владеење ќе овозможи остварување на јавниот интерес

Промовиран е проектот „Изразување на јавниот интерес“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска го промовираше проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, кој има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и на медиумските професионалци за значењето на јавниот интерес во одржувањето на принципите на доброто управување.

Повеќе: Промовиран е проектот „Изразување на јавниот интерес“

Истражувачи, новинари и студенти се обучуваа за академско блогирање

Повеќе од 30 учесници го следеа вебинарот за академско блогирање што го организираше Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес“. Млади истражувачи, студенти, новинари и колумнисти добија корисни совети како да напишат успешен академски блогпост заснован на научни наоди и податоци, но со кој на разбирлив начин ќе ја информираат пошироката јавност за актуелни комплексни прашања во општеството.

Повеќе: Истражувачи, новинари и студенти се обучуваа за академско блогирање