Вести

Извештај на МОДЕМ за политичкиот плурализам во медиумите

Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија е благо подобрена во однос на периодот од пред шест месеци, што е особено видливо од „омекнувањето“ на негативните појави што претходно беа многу присутни: заземање страна, пропагандистичко известување, демонизирање политички субјекти, вметнување политички маркетинг како дел од вестите.

Повеќе: Извештај на МОДЕМ за политичкиот плурализам во медиумите

Како да се предизвикаат промени преку социјалните медиуми

Популарноста на социјалните медиуми не е значи и влијателност. Влијателноста подразбира да се предизвика промена кај публиката преку онлајн комуникација, секако со фокус на активностите и содржините на организацијата. Ова беше темата на работилницата „Правење влијание преку блогирање“, која Институтот за комуникациски студии ја организираше за претставници на граѓански организации.

Повеќе: Како да се предизвикаат промени преку социјалните медиуми

Академско блогирање за пристап до поширока публика

Академско блогирање за пристап до поширока публикаПретставници на граѓански организации и новинари се обучуваа како да пристапат кон пошироката публика и да влијаат врз јавната дебата за теми од јавен интерес на работилницата за академско блогирање што ја организираше Институтот за комуникациски студии.

Повеќе: Академско блогирање за пристап до поширока публика

Повик за прибирање понуди за ангажирање графички дизајнер

Институтот за комуникациски студии објавува повик за прибирање понуди за хонорарен ангажман на графички дизајнер со вештини за:

Повеќе: Повик за прибирање понуди за ангажирање графички дизајнер

Повик за прибирање понуди за ангажирање ПР експерт за социјални медиуми

Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот “Зголемување на моќта за изразување на јавниот интерес на граѓанското општество во Македонија (транспарентност и отчетност на институциите)“ објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на експерт кој ќе развие комуникациска стратегија за социјални медиуми и ќе понуди креативни решенија за визуелен изглед на самиот проект.

Повеќе: Повик за прибирање понуди за ангажирање ПР експерт за социјални медиуми

Први дипломи за магистерските студии

Институтот за комуникациски студии ги додели првите дипломи за завршени магистерски студии на магистрите кои ги одбранија нивните трудови во текот на оваа и минатата година.

Повеќе: Први дипломи за магистерските студии

Магистерска работа за одржливоста на регионалните телевизии во Македонија

„Улогата и одржливоста на регионалните телевизии во Република Македонија“ е насловот на магистерската работа на Меваип Абдиу, кој после успешната одбрана е првиот магистар по менаџирање на медиуми и мултимедија на Институтот за комуникациски студии.

Повеќе: Магистерска работа за одржливоста на регионалните телевизии во Македонија

ИКС дел од иницијативата на граѓанското општество за спроведување на итни демократски реформи

Група експерти и граѓански организации, меѓу кои и Институтот за комуникациски студии ИКС подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.

Повеќе: ИКС дел од иницијативата на граѓанското општество за спроведување на итни демократски реформи

Почна уписот на магистерските студии

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на едногодишните и двегодишните студиски програми за Менаџирање на стратегиски комуникации.

Повеќе: Почна уписот на магистерските студии

Промовиран е Прирачникот за јавен интерес во новинарството

Институтот за комуникациски студии го промовираше Прирачникот за јавен интерес во новинарството, во којшто се сублимирани општоприфатените вредности, принципи, професионални стандарди и практики во новинарството.

Повеќе: Промовиран е Прирачникот за јавен интерес во новинарството

Новинарството е алатка за остварување на политички и бизнис интереси

Медиумите не ја извршуваат својата основна функција – да бидат коректори на власта и балансирано да ја информираат публиката, посочија новинарите и учесниците на настанот. Медиумите во Македонија се заложници на политичките и бизнис интересите на нивните сопственици, а новинарството е само алатка за остварување на тие интереси.

Повеќе: Новинарството е алатка за остварување на политички и бизнис интереси