Претставници на невладините организации се обучуваа како да развиваат ефективни пораки, како да ја дефинираат публиката и пораките убедливо да ги пренесат до целните публики на работилницата за ефективна комуникација со јавноста што ја организираше Институтот за комуникациски студии.

0347

Обучувачот Марина Тунева, професор на Институтот за комуникациски зборуваше за важноста на ефективната комуникација во поврзување со целните групи и кои се карактеристиките на добрата комуникација. Исто така, таа ги претстави и образложи техниките кои ги прават пораките поубедливи.
За важноста од краткото и концизно пишување на пораки и начинот на кои функционираат медиумите зборуваше обучувачот Јасмина Миронски, професор на ИКС. Таа на учесниците им посочи и некои корисни совети кога работат со медиуми.
Учесниците на работилницата дискутираат за сопствените искуства што ги имаат од комуникацијата со медиумите, за проблемите кои ги имаат во презентирање работата на организациите. Тие имаа прилика теоретските знаења за комуникација што ги добија веднаш да ги применат во пракса тимски работејќи на вежба за планирање медиумски настан и креирање на пораки по одредени сценарија. На крајот на работилницата, учесниците ги презентираа резултатите од работата во групи и добија фидбек од обучувате.
Работилницата се одржа во рамките на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија“, поддржан од Британската амбасада во Република Македонија.