Вести

Коментари од МИМ и од ИКС кон Предлог-законот за изменување и дополнување на ЗААМУ

Коментари од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и од Институтот за комуникациски студии(ИКС) кон Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ)

Повеќе: Коментари од МИМ и од ИКС кон Предлог-законот за изменување и дополнување на ЗААМУ

ResPublica започна соработка со Project Syndicate

Академскиот блог на Институтот за комуникациски студии ResPublica започна соработка со Project Syndicate, глобалнатa веб платформа која објавува анализи од водечки светски иноватори во економијата, политиката, здравството, технологијата и културата. ResPublica ќе прави избор од нивните блоговите и ќе ги реобјавува на македонски јазик.

Повеќе: ResPublica започна соработка со Project Syndicate

Повик за учество на конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Високата школа за новинарство и односи со јавноста се дел од организацискиот одбор на научната конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“ која ќе се одржи во Приштина, Косово на 23 септември, 2017 година. Главниот организатор на конференцијата е ААБ Колеџот за комуникации од Приштина.

Повеќе: Повик за учество на конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“

Први резултати од истражувањето за родова еднаквост во Македонија

Институтот за комуникациски студии од Македонија и Инситутот Изида Вита од Словенија изминативе два месеца спроведоа истражување за родова еднаквост за да се дознае кои се причините за отстапувањата во областа на вработувањето на мажите и жените во Македонија, дали големите и средните компании во Македонија се свесни за овие факти, а ако се, кои мерки и активности ги преземаат за да ја исправат неправдата.

Повеќе: Први резултати од истражувањето за родова еднаквост во Македонија

ААВМУ основаше мрежа за медиумска писменост

Вкупно 35 високообразовни институции, институции, медиуми и граѓански организации потпишаа пристапници кон т.н. Мрежа за медиумска писменост што ја основаше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Меѓу нив се Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Повеќе: ААВМУ основаше мрежа за медиумска писменост

Еднаква моќ за жените за родова врамнотеженост во бизнисот

Институтот за комуникациски студии и Институтот Изида Вита од Словенија го започнуваат проектот „Еднаква моќ за жените“ чија премиса е родовата врамнотеженост.

Повеќе: Еднаква моќ за жените за родова врамнотеженост во бизнисот

МОДЕМ: Медиумската слика останува иста - критички наспроти провладини медиуми

Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија останува иста како и пред една година. Телевизиите 24 Вести, Телма, Алсат М и ТВ 21 продолжија да ги следат политичките случувања од неутрална позиција и критички да ја опсервираат работата на јавните институции, што всушност е основна улога на професионалното новинарство кое го штити јавниот интерес. Од друга страна, кај телевизиите Сител, Алфа, ТВ Нова и Канал 5 повторно доминираат ставовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и известувањата за проектите и за достигнувањата на нејзините функционери.

Повеќе: МОДЕМ: Медиумската слика останува иста - критички наспроти провладини медиуми

МОДЕМ: Темата за двојазичноста од изборната кампања се наметна во повеќето медиуми

Темите поврзани со изборите и изборната кампања доминираа во централните вести на сите медиуми. Повеќето медиуми посебно се осврнаа на темата за двојазичноста, која се наметна во кампањата, но сите тие ја анализираа од различен агол и различно ја врамија.

Повеќе: МОДЕМ: Темата за двојазичноста од изборната кампања се наметна во повеќето медиуми

Ефективната комуникација клучна за поврзување со целните групи

Претставници на невладините организации се обучуваа како да развиваат ефективни пораки, како да ја дефинираат публиката и пораките убедливо да ги пренесат до целните публики на работилницата за ефективна комуникација со јавноста што ја организираше Институтот за комуникациски студии.

Повеќе: Ефективната комуникација клучна за поврзување со целните групи

МОДЕМ: Едноставно пренесување на настани, без новинарска ангажираност

Телевизиските вести се сведуваат на едноставно пренесување на настаните, но не и на новинарска ангажираност. Од 12 мониторирани телевизии, кај седум во прилозите се користи само еден извор на информирање (со исклучок на МТВ 2, Алсат М и ТВ 21), без разлика што во најголем број од случаите на едниот прилог следува прилог реакција за контратежа. Тоа можеби не влијае на вкупната слика на избалансираност на вестите, но се одразува на новинарското правило за консултирање на „двете страни“ во прилогот.

Повеќе: МОДЕМ: Едноставно пренесување на настани, без новинарска ангажираност

ResPublica подкаст: Како се трошат студентските пари?

Финансискиот извештај на Студентскиот парламент за 2014 и 2015 година покажал дека околу 43.000 евра се потрошени за лични патувања во Русија, Азербејџан, Грузија..., за телефонски разговори и до 1.000 евра, за организирање забави, па дури и за купување виски. Иако Студентскиот парламент е регистриран како невладина организација, сите студенти мораат да уплаќаат на неговата сметка, а не знаат како се трошат нивните пари. Оваа студентска организација не ги поддржува студентите за учество на меѓународни натпревари, семинари и други настани, па тие се приморани да се финансираат сами. ResPublica видео подкаст со студентите на УКИМ Теодора Столевска и Горан Таневски.

Повеќе: ResPublica подкаст: Како се трошат студентските пари?