Школарина

Школарината за студирање изнесува 62.000 денари годишно. Износот се плаќа на следниот начин:

- 12.400 денари при запишување, односно при поднесувањето на документите и потпишувањето на договорот за студирање и

- на шест рати по 8.266,00 денари месечно во периодот од септември до февруари, најдоцна до 15-ти во месецот.

При запишувањето може да се уплати и целиот износ на годишната школарина.

 

Дополнителни трошоци

- Пријава и одбрана на магистерски труд - 31.000,00 денари. Износот се плаќа најдоцна до денот на пријава на магистерскиот труд.

- Издавање на уверение и диплома за завршени магистерски студии - 3.100,00 денари. Износот се плаќа најдоцна пред датумот за одбрана на магистерскиот труд.

- Полагање испит - 620 денари. Испитот се плаќа доколку предметот не се заврши во периодот определен со распоредот за наставата и треба да се полага во дополнителен испитен рок.

- Печатен индекс и студентска легитимација - 500 денари. Износот се плаќа при запишувањето на студентот.

- Литература. Задолжителната литература за предметите е прикачена во електронска верзија на Интранет системот. Печатените примероци, копирањето и/или скенирањето на задолжителната литература, како и препорачаната литература се на трошок на студентот.

- Осигурување. Доколку студентот реши дека е потребна посебна осигурителна полиса за процесот на студирање, самиот ја обезбедува и плаќа.

 

Начин на уплата

Уплатата се врши во банка или во пошта.

Корисник: Институт за комуникациски студии

Жиро сметка: 210-068414900130

Депонент: Тутунска банка А.Д. Скопје