Професори

На Институтот за комуникациски студии предаваат реномирани професори, академски истражувачи и општествени аналитичари во областите на комуникации и медиуми, менаџмент и бизнис, глобални односи, истражувања и на други општествени науки што се застапени во студиските програми. ИКС има воспоставено долгорочни и квалитетни односи со бизнис заедницата и јавниот сектор, од кадешто го црпи искуството на етаблирани менаџери и лидери, кои се вклучени во наставата како стручњаци од практиката. Меѓународната соработка и партнерството со универзитети од Европа, пак, овозможува размена и ангажирање на визитинг професори од странство со што во наставата се спроведуваат последните трендови.