snezana trpevska95x95Доцент д-р Снежана Трпевска има дипломирано на Катедрата за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а магистерски студии завршува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на групата Комуникации. Докторската дисертација на тема: „Карактеристиките на комплементарната употреба на повеќе методи во социолошкото истражување на телевизиските вести“, ја има одбрането на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје.      

Како истражувач, таа има учествувано во голем број проекти од областа на истражувањата на медиумите и на публиката. Има објавено неколку книги и статии и учествувала во голем број истражувачки проекти организирани од страна на Македонскиот институт за медиуми и Мрежата за медиумска професионализација од Југоисточна Европа (Southeast European Network for Media Professionalization). Била член или соработник на повеќе меѓународни истражувачки организации, меѓу кои на: Статистичката група на Европската радиодифузна унија, Групата на европски истражувачи на публиката (GEAR), Европското друштво за истражувања на јавното мислење и на пазарот (ESOMAR), Европската аудиовизуелна опсерваторија (EAO) и др.        

До јули 2009 година беше вработена во Советот за радиодифузија, на местото Раководител на Секторот за истражувања и долгорочен развој. Како медиумски експерт, таа беше вклучена во изработката на Законот за радиодифузната дејност од 2005 година и соработуваше со Одделот за медиуми на Советот на Европа и со Одделот за аудиовизуелни медиуми на Европската комисија за различни прашања поврзани со имплементацијата на европската регулатива од аудиовизуелната област.     

На ИКС ги предава предметите Методи на истражување и Планирање на истражување. Истражување на медиумите и публиката и Истражување на стратегиските комуникации. Раководител е на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање, формирана при Високата школа во јуни 2011 година.

 

Професори

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16