Професори биографии

доц. д-р. Марјан Николов

marjan nikolov 120x120Марјан Николов има докторирано на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, а магистрирано меѓународна економија и финансии на Економскиот факултет во Рејкјавик, Исланд. Тој е претседател на Центарот за економски анализи и независен консултант. Активно работи во повеќе економсми области, како макроекономско моделирање, економетрија и статистика, фискална децентрализација и јавно-приватно партнерство. Работел на градење на капацитетите на јавната администрација и на локалната власт во Република Македонија преку разгледување и реинженеринг на даночните постапки, нализа на фискалните капацитети, подготовка на стратегии и физибилити студии итн. Николов работел како предавач на неколку факултети во Македонија, автор е на повеќе публикации и бил учесник на голем број конференции, семинари и обуки.

вон. проф. Анита Мачек

anita macek 120x120Анита Мачек е вонреден професор на Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Словенија. Од 2009 година, таа исто така делува како член на Управниот одбор во Сојузот на економисти на Словенија. Таа има долгогодишно искуство во областа на зголемување на ефикасноста на деловниот процес, оптимизирање на деловните процеси, минимизирање на трошоците, креирање на визија и стратегија итн. Вклучена е во голем број консултантски и истражувачки проекти. Некои од нив се однесуваат за оптимизирање на деловните процеси и зголемување на додадените вредности во различни словенечки компании; креирање визија и развојна стратегија за различни општини во Словенија; управување со проекти и развој на регионални проекти за различни словенечки региони; модел за интернационализација на компаниите во пет чекори и други.

д-р Љупчо Ефремов

ljupco efremov95x95Љупчо има докторирано психологија на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје (2012). Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во 2005 година. На истиот факултет ја доби титулата магистер по психологија (2009).

Повеќе: д-р Љупчо Ефремов

доц. д-р Марина Тунева

marina tuneva profДоктор по студии на културата, чија дисертација е на тема „Улогата на комуникациските стратегии во мултикултурните општества: студија на случај Охридски рамковен договор“.  Магистрира на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофски факултет во Скопје, а заврши постдипломски студии по дипломатија на Универзитетот во Малта. Дипломира на интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Марина Тунева е извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија од 2015 година. Од 2008 година е предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Како експерт на полето на односите со јавноста, известувањето за различностите, интеркултурните комуникации и етиката во новинарството, таа е активно вклучена во развивањето наставни програми и проекти во овие области во државата и на меѓународно ниво. Автор е на публикациите „Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации“, „Прирачник за известување за различностите“, „Вовед во односите со јавноста“ и „Како да комуницирате со медиумите“.

доц. д-р Димитар Ковачевски

dimitar kovacevski95x95Доц. д-р Димитар Ковачевски магистрирал во 2003 година на Економскиот факултет во Скопје на студиумот по маркетинг на тема „Маркетинг политика на цените во телекомуникациската индустрија“, а докторирал во 2008 година на Економскиот факултет во Подгорица на тема „Корпоративно управување – информациски системи и интеграција на деловни процеси”.

Повеќе: доц. д-р Димитар Ковачевски

Професори

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15