Проекти

2016
       
         
british embassy skopje       Изразување на јавниот интерес: Зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија (транспарентност и отчетност на институциите). Проектот нуди онлајн платформа со ресурси и иновативни производи кои ќе ја информираат и едуцираат јавноста за различни прашања од јавен интерес, овозможувајќи граѓаните да се вклучат во јавната дебата. Оваа платформа ќе ги промовира резултатите од работата на граѓанското општество во различни области и ќе обезбеди интерактивна комуникација со публиката преку новите медиуми и социјалните мрежи. Во текот на проектот, граѓански организации, креатори на јавното мислење и новинари ќе бидат обучени како да произведат и да споделат комуникациски производи за да постигнат најголемо влијание во општеството. Проектот нуди можности и за иницијативи во медиумската сфера, правејќи истражувања за теми поврзани со медиумските политики. Проектот е финансиран од Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија.
         
 
2015
       
      Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ). Проектот се фокусира на набљудување на медиумските содржини и изработка на анализи кои треба да докажат дали постои корозирано медиумско известување кое го загрозува политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес. Добиените анализи и податоци ќе им користат на граѓаните, цивилниот сектор, медиумските организации, носителите на одлуки и на меѓународната заедница при креирање поткрепени ставови и аргументи за иницирање политики. Проектот е финансиран од Амбасадата на Велика Британија и од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
         
british embassy skopje       Изразување на јавниот интерес: зголеување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавната политика во Македонија - Целта на проектот е да се подигне свеста на граѓаните и да се едуцираат медиумските професионалци за значењето на јавниот интерес во одржувањето на принципите на доброто управување. Проектот ќе ги поттикне граѓаните и медиумите да играат важна улога во заштитата на јавниот интерес преку (1) јавни дебати и дискусии за прашања од јавната политика, (2) создавање на содржини и ресурси за јавен интерес за граѓаните и медиумите, (3) развивање на редакциски уредувачки упатства за чување на јавниот интерес, вклучувајќи и тест за јавен интерес и (4) поддршка на широка мрежа на креатори на мислењето и експерти кои учествуваат во јавната сфера, оспособувајќи ги како да вршат поголемо влијание во општеството и да служат како „чувари“ на јавниот интерес. Проектот е финансиран од Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија.
         
      Новинарски проект „Некст“ (Journalism NEXT Project) - Целта на овој истражувачки проект е да се направи процена на студиските програми за новинарство во седум балкански земји (Македонија, Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција) и да се утврди дали овие наставни програми ги задоволуваат специфичните потреби на тие земји во однос на притисокот за демократизација. Во рамки на проектот, ќе се (1) изготви нормативен индикатор за проценка на новинарсското образование во целина; (2) секундарна анализа на литературата во сите земји вклучени во проектот; (3) анализа на документи на примарни извори во земјите вклучени во проектот; (4) интервјуирање на клучните засегнати страни; и (5) пишување на анализа. Проектот е финансиран од УНЕСКО.
         
      Поврзување на младите луѓе со екс-југословенски бекграунд со помош на радиопродукцииПоврзувањена Екс-ЈУ - Проектот има за цел поттикнување на учење и дебата за демократските начела, граѓанско учество во процесот на креирање одлуки, непосредно запознавање на историските и заеднички вредности, особено низ призмата на младите од Европа и особено од земјите за поранешна Југославија. Студенти од Австрија, Македонија и Босна и Херцеговина ќе поминат вкупно четири специјализирани обуки за радио новинарство, медиумско право, слобода на изразување, како и основи на медиумска писменост во трите земји. Проектот ќе резултура со продукција на 12 радио-емисии, емитувани на радио-станица во секоја од државите-партнери, прирачници и шест вебинари. Партнери во проектот се виенското радио Оринџ, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Скопје и Естудент, студентското радио од Сараево, а е финансиран преку програмата Еразмус+ на Европската Комисија.
         
         
2014
       
         
      (Ин)формирање превенција, одговор и решавање на конфликти: Улогата на медиумите во насилен конфликт (INFOCORE) - INFOCORE се фокусира на условите кои овозможуваат различни медиумски улоги во циклусот на конфликт и градење на мир. Тој генерира знаење за (1) социјалните процеси на продукција на вести за конфликт и (2) за својствената динамика на содржината на вести за конфликт во (3) системски компаративен тренд. Врз основа на оваа перспектива, се идентификуваат условите под кои медиумите имаат специфични конструктивни или деструктивни улоги во спречување, управување и решавање на насилни конфликти и во градење на одржлив мир. Проектот ќе обезбеди детални знаења за процесот на продуција на вести за конфликт. Проектот е финансиран во рамки на Седмата рамковна програма заистражување и технолошки развој на Европската Комисија (FP7).
         
     

Комуникациски практики во контекст на општествените протести и барања за јавна одговорност - Проектот ги испитува практиките на комуникација за време на движења/иницијативи на социјалните мрежи со цел да се разбере како владините претставници одговараат на повиците за отчетност, кои се практиките на граѓаните/активистите во однос на унапредување на движењето и неговите цели, и која е улогата на мејнстрим медиумите при известувањето за протестите и општествената мобилизација. Проектот е финансиран во рамки на Промотивната програма за регионални истражувања на Западен Балкан (RRPP).

 

         
      (Де)конструирај ги медиумите 2014 - Проектот има за цел да се зголеми медиумската и дигиталната писменост меѓу младите преку активности за подобрување на нивните способности за критичко размислување и стекнување на новинарски и мултимедијални вештини. Проектот ќе им овозможи на средношколците да се изразат на медиумски начин и да се зголеми нивната свест за граѓански активизам преку различни обуки за пишување, известување и мултимедија за теми поврзани со училиштето, локалната заедница и интересите и активностите на младите луѓе. Средношколската платформа www.medium.edu.mk, средношколски весник „Медиум" (месечен подлисток на весникот „Нова Македонија“) и онлајн изданието „Е-Медиум" ќе се користат како медиуми за тинејџерите. Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Република Македонија.
         
     

Мерење на економскиот придонес на аудиовизуeлните индустрии во Република Македонија - Главната цел на проектот е да создаде национална рамка за развивање на силна креативна аудиовизуелната индустрија во Македонија со која ќе се поттикне регионалниот и локалниот развој. Проектот опфаќа анализи, конференции, работилници и експертски панел преку кои се идентификуваат актуелната состојба, проблемите, најдобрите искуства и практики коишто ќе бидат инкорпорирани во национална стратегија која треба да ги поврзе културните и креативните индустрии со другите општествени сектори и економијата. Проектот е финансиран во рамки на Меѓународниот фонд за промоција на културата на УНЕСКО.

         
         
2013
       
         
      (Де)конструирај ги медиумите 2013 - Проектотсе фокусира наразбирање истекнување на вештинизаанализирање,декодирање ипроизводство намедиумски содржинимеѓу средношколците како примарна целна група, но и на училиштата, наставниците и родителитеРезултатите на проектот ќебидат остварени преку неколку фазииактивности за (а) создавањена онлајн ресурсиза дигитална имедиумска писменостнаменети заучилишта, ученици, наставници и родители, (б) работилницизаученици и наставници и (в)креирање насредношколскаонлајнплатформаи онлајнвесници. Проектот е финансиран од Фондацијатa Евенс.
         
      Подобрување нановинарските вештинии мултимедијалниспособности меѓу средношколцитеи производство на онлајн ресурси.Главните целина овој проектсе(1да ги мотивирамладите дачитаат, пишуватеи да се изразатсебесиза нивнитетеми на интерес, (2) да се поврзатновинарскитесекции во средните училишта нудејќи им професионална и техничка помошвообјавувањето на нивнитеучилишни весници и(3) да се промовира новинарството какоидна професијамеѓу младите луѓе. Проектот е поддржан од „Фондација Медиуми и демократија“
         
      Објавување наистражувачка студијанапрофесионално известувањеза меѓуетничкитеимеѓурелигискитетеми во Македонија - Главната цел наовој проекте да се поддржипромоцијата надве релевантниистражувањаспроведени од страна наВисоката школа за новинарствоиза односи со јавноставо2011 и 2012 година.Двете студиибеафокусирани на различните аспектинамедиумското известување затеми поврзани со различностите во Македонија.Првите двестудии спроведениод истражувачкиот тимна Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и взаемно разбирање беа „Известувања за различности во македонскитередакции“(2011)и „Медиумско покривање намеѓуетничкиимеѓурелигискипрашања“ (2012). Печатењето на книгите е поддржано од Фондациite Отворено општество (Open Society Fondations).
         
      Мониторингна партиско-политичките и меѓуетничките прашањаво медиумитеза време на предизборниот период - Целитена овој мониторингсе(1)да се утврди какомедиумската покриеност го формирајавниот имиџ наполитичките партии,кандидатиилидери за време наизборната кампања; (2) да се испитадали и какомеѓуетничките прашањасе пренесуваати се врамениво политичката дебатаво текот наизборната кампања и (3) да се утврдидали медиумите работат во согласност со основнитепрофесионални стандардивопокривањена изборната кампања.Овој проектопфаќатривидови наактивности: (1) Воспоставување на механизам за набљудувањеи анализа намедиумското покривање на политичката дебата имеѓуетничкитепрашања за време на предизборниот период; (2) Организирање наекспертски панел сочинет одистакнати професории (3)Организирање натри дебати соновинари, правни и медиумски експертина теми поврзани соетикатана медиумитеи третманот наинформации замеѓуетничките прашања. Мониторингот е реализиран со поддршка на Холандската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во земјава.
         
         
2012
       
         
      Малцинстватаи медиумите во Западен Балкан: Регионален компаративенистражувачки проект заквалитетот насодржината за малцинствата во медиумите .Целтана ова истражување еда се оцени квалитетотна медиумските содржинизанационалните малцинства вопет земји одЗападенБалкан.Ова истражување ќе ѝ обезбеди на јавноста знаење базирано на истражувања заквалитетот на информациитево медиумитена малцинствата.Неговите резултатиќе понудат препораки штотреба да се направизада се подобриинформирањетона јазицитена малцинствата. Искусни истражувачиќе работат сомлади истражувачи одмалцинските заедници, со цел да гиразвијат нивните вештини за истражувањеПроектот вклучува истражувањенасодржината намедиумите на малцинстватаво четири земјиод регионотдлабински интервјуа, компаративна анализа,уредувањеи објавување накнигакреирање на веб-страница и организирање нарегионална конференција. Проектот е финансиран во рамки на Промотивната програма за регионални истражувања на Западен Балкан (RRPP). 
         
      Анализа на јавната радиодифузија во Република Македонија во контекст на европската медиумска политика - Проектот имаше за цел да се придонесе во поттикнувањето квалитетна јавна дебата за состојбата во која се наоѓа медиумскиот сектор во Република Македонија, преку изработка на сеопфатни анализи, фокусирани на различни актуелни прашања во медиумскиот сектор, кои беа дистрибуирани до сите релевантни субјекти и до медиумите. Во рамки на проектот беа изработени следните анализи: „Анализа на јавната радиодифузија во РМ во контекст на европската медиумска политика“, „Осврт кон прашањето на саморегулацијата во медиумите во РМ“ и „Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во РМ“. Анализата е поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт.
         
      Регионална конференција за претставниците на министерствата за внатрешни работи одговорни за односи со јавноста, во соработка со ОБСЕ. Тема на конференцијата за портпароли на министерствата за внатрешни работи на десет држави од регионот беше како се менуваат односите со јавноста и дали постојат позитивни практитки од користењето на социјалните медиуми во секојдневното работење на полицијата.
         
     

Известувањето за теми за сексуално и репродуктивно здравје во медиумите – етика и стандарди - Новинари и претставници од здравството дискутираа како да се подобри комуникацијата на институциите и медиумите, за граѓаните да бидат подобро информирани за пристапот до услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Дебатата се реализираше во соработка со Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во Скопје.

 

 

         
         
2011
       
         
      Катедра на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање - Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање е основана во јуни 2011 година со договорот склучен меѓу организацијата на УНЕСКО и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (основачна ИКС). Целта на Катедрата е да придонесе кон зајакнување на социјалната кохезија, мултикултурно разбирање и интеркултурна комуникација меѓу различните културни групи, преку промовирање на интегриран систем од истражувања, образование и обуки, информирање и издаваштво во областа на медиумите, новинарството и комуникациските студии, со силен нагласок на интеркултурната комуникација и известувањето за различности. Катедрата исто така има цел да ја поттикнува соработката меѓу меѓународно истакнати истражувачи и наставен кадар од ИКС и Високата школа, други институции од земјава и од Европа.
         
      Вештини и стандарди за ефективна интеркултурна комуникација во односите со јавноста - На тркалезната маса за стручњаци на полето на односите со јавноста тогашниот претседател на Меѓународната асоцијација за односи со јавноста (IPRA), г-н Ричард Лининг имаше излагање за актуелните прашања, новите трендови, иновациските комуникации и влијанието на глобализацијата во односите со јавноста. Настанот се реализираше како дел од Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање при Високата школа, во соработка со Kанцеларијата на УНЕСКО во Венеција.
         
      Зацврстување и унапредување на новинарските вештини и знаење за професионално и одговорно известување - Во рамки на проектот беа издадени учебникот „Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации” и Прирачникот за известување за различностите за новинари, медиумски стручњаци, студенти, едукатори и волонтери во полето на различностите. Беа организирани и тркалезна маса за промоција на учебникот и работилница со новинари и уредници за принципите на новинарското известување за различностите. Проектот се реализираше со поддршка од Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција, во рамки на Заедничката програма на ОН „Зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка“.
         
      Сеопфатно и интерактивно новинарство - Експерти наВисоката школа за новинарствоиза односи со јавноста кои беа вклучени воовој проектработеа наанализа заулогата на медиумитево промовирањето на толеранцијата, разбирањето и кохезијамеѓу различните групи вонашето општество иводругимултикултурни општества.Некои од клучнитенаоди беадека постојат бројнипримери на новинарски извештаикои немаатчувство замеѓуетнички, меѓукултурни имеѓурелигискипрашања.Овие наодипроизлегоа одквалитативни интервјуасоуредници, новинариимедиумски сопственициили менаџери.Клучните наодиод истражувањетобеа презентирании дебатиранина конференцијата„Новинарското образованиепрофесионалните вредности икултурната разновидност", во соработка со Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција.
         
      Обука за подготовка и пишување на информативни и промотивни материјали, за вработени од Секторот за еднакви можности на Министерството за труд и социјална политика, а во соработка со канцеларијата на ГИЗ во Скопје. Службеници од МТСП се обучуваа како да креираат билтен преку кој ќе ги презентираат нивните активности до граѓаните и социјалните работници.
         
      Работилница на тема „Полицијата и медиумите“ за портпароли и вработени на МВР, во соработка со ОБСЕ. На тридневната обука се дискутираше за актуелни прашања и дилеми каде се вкрстува работата на полицијата и на новинарите, потребата и важноста на комуникациските вештини, истражувачкото новинарство, комуникацијата во кризни ситуации, баланс меѓу слободата на изразувањето и почитувањето на човековите права.
         
      Здружение за односи со јавноста на Македонија Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го иницираше и координираше основањето на првото Здружение за односи со јавноста на Македонија (ЗОЈМ). Потребата од стандардизирање на професијата, подобрување на професионалните и етичките принципи и поттикнување на соработката на локално и регионално ниво е со цел односите со јавноста и корпоративните комуникации дополнително да се развијат и да ја добијат соодветната позиција во државата.
         
         
     

Конкурс за аудиција „Слушај радио“. Високата школа и радијата Клуб ФМ и Сити Радио ја реализираа јавната аудиција „Слушај радио“ со која се откриваат нови таленти во радио етерот. На аудицијата може да учествуваат сите кандидати кои имаат афинитети и талент да работат како радио водители и радио презентери.

 

 

 

         
     

Мулти виа медиа - Проектот ја јакне меѓуетничката комуникација меѓу средношколците од Македонија преку користење на мултимедијални алатки. Проектот со креативни и забавни активности ја подига свеста кај младите дека тие иако потекнуваат од различни заедници, сепак споделуваат заеднички потреби и интереси кои се побројни и позначајни од нештата што ги раздвојуваат. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

         
         
2010
       
         
      Зајакнување на Парламентот и демократијата - Проектот беше насочен кон зголемување на транспарентноста во работењето на Собранието на Република Македонија и кон подобрување на новинарското известување за законодавниот дом. Како дел од проектот, беа организирани истражување за утврдување на перцепцијата за парламентарното известување и на внатрешните капацитети на Собранието за комуницирање со граѓаните, медиумите и пошироката јавност, тркалезна маса со новинари, пратеници и експерти, днонеделна обука за економски новинари кои известуваат за работата на Собранието, со акцент на буџетот и обука за односи со јавноста за вработените на македонското Собрание. Проектот се реализираше во соработка со Вестминстер фондацијата за демократија.
         
      Обука за комуникации за Британскиот совет во РМ. Обуката се однесуваше на креирањето и пласирањето на пораки за успешни односи со јавност, како и воспоставувањето и одржувањето на добри контакти со медиумите. Обуката е поддржана од Амбсадата на Велика Британија во Република Македонија.
         
      Медиум - Заедничкиот проект на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (основач на ИКС) со дневниот весник „Нова Македонија“ им овозможува на средношколците да пишуваат и да се изразуваат за теми од нивен интерес, на новинарските секции од повеќе училишта да се поврзат меѓусебно, нудејќи им професионална и техничка поддршка во изработката и објавувањето на училишните весници, и со тоа ја промовира медиумската професија. Проектот содржи неколку компоненти: печатено издание, кое претставува месечен подлисток од 8 страници во „Нова Македонија“, веб страница www.medium.edu.mk и месечен натпревар „Конкурс за најдобар млад новинар“.
         
     

Фотоконкурс „Заеднички визии“. Целта на овој конкурс е да ги поттикне младите граѓани на Република Македонија да ги слават и негуваат културните различности во Македонија, да се потенцира она што во сета разноликост ни е заедничко и нè зближува, и да се одбележи соработката помеѓу различните култури, етнички и верски заедници во Република Македонија. Конкурсот е реализиран под покровителство на УНЕСКО и со поддршка од Фондот за Милениумските развојни цели и Владата на Шпанија.

 

         
     

Професионално насочување на матурантите „МОКУ – Матрица на очекувана кариерна успешност - Проектот овозможува матурантите од сите средни училишта во земјава, со тестирање, да добијат индивидуална информација за професиите кои се најсоодветни според нивните вештини и афинитети, со што потоа полесно би го направиле изборот на вискообразовната институција и со успех би го продолжиле школувањето.

 

         
         
2009
       
         
      Обуки за обучувачи за лицата одговорни за односи со јавност во јавната администрација и други органи на државната управа, во соработка со Секретаријатот за европски прашања на Владата на РМ и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Република Македонија.
         
      Обуки за подготовката на комуникациски стратегии и зајакнување на вештините за комуникација на вработените, во соработка со Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор при Владата на РМ и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Република Македонија.
         
      Изрази се преку медиумите - Проектот на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е годишен медиумски конкурс за таргетирање талентирани и креативни средношколци со афинитети за медиуми, новинарство, комуникација и односи со јавност, кои се подготвени да го изразат своето гледиште во врска со тековните проблеми на новите медиуми и другите модерни технологииНајдобрите медиумски производи се избираат во три категории: видеофотоприказна или есејСите производи треба да бидат мотивирани и да ги рефлектираат погледите на младите во врска со одредена тема. Преку овој проект, средношколците ќе ја зајакнат својата креативност и ќе ги подобрат своите вештини за критичко размислување, кои ќе им овозможат да учествуваат во креирањето на јавното мислење.