Универзитети

doba           Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Марибор, Словенија има потпишано договор за соработка со Институтот за комуникациски студии, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции.
             
             
logo bg           Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград има потпишано договор за соработка со Институтот за комуникациски студии којшто предвидува да делуваат заеднички во областа на високото образование и академските истражувања. Најголемиот и најстар државен универзитет во Србија е рангиран на Шангајската листа меѓу 400-те најдобри светски универзитети.
             
             
          ИКС потпиша меморандум за разбирање со Високата бизнис школа ПАР од Ријека, Хрватска, со кој се предвидуваат иницијативи за професионална и академска соработка за промоција на високото образование, студентска размена, признавање на предмети, двојна диплома, заеднички проекти и настани.
             
             
          ИКС потпиша меморандум за соработка со Институтот за развој и меѓународни односи од Загреб, Хрватска, со кој се предвидува соработка во областите на меѓународните односи, надворешната политика и медиумите и комуникациите преку заеднички проекти, студиски размени, организација на јавни настани и издавање на публикации.
             
             
danska skola          

Наставните програми на ИКС се креирани во соработка со професори и експерти од Данската школа за медиуми и новинарство,  која е стратегиски партнер-универзитет и на основачот на Институтот, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Студиските програми на овие високообразовни установи се компатибилни, што овозможува студентите да студираат еден семестар на Данската школа и да се стекнат со додаток диплома.

             
             
windesheim          

Наставните програми на ИКС се креирани во соработка со професори и експерти од Универзитетот за применети науки „Виндесхеим“ од Холандија, кој е стратегиски партнер и на основачот на ИКС, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Студиските програми на овие високообразовни установи се компатибилни, што овозможува студентите да поминат еден семестар на Универзитетот „Виндесхеим“ и да се стекнат со додаток диплома.

             
             
logo uab           Основачот на Институтот, Високата школа има договор за соработка со Автономниот универзитет од Барселона, кој предвидува размена на студенти, образовен кадар и академско искуство. Универзитетот, кој е рангиран меѓу првите 300 универзитети според Шангајската листа, е европскиот претставник и основач на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации.
             
             
          Основачот на ИКС, Високата школа потпиша договот за студиска размена со Универзитетот Бабеш-Болјаи од Клуј Напока, Романија, рангиран меѓу 500-те врвни универзитети според Шангајската листа. Договорот е потпишан како дел од Програмата за мобилност ЕРАСМУС на Европската комисија и им овозможува на студентите да следат еден семестар на овој универзитет и да се стекнат со додаток на диполома.
             
             
vitautas litvanija180x75           Основачот на ИКС, Високата школа потпиша договор за студиска размена со Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија, рангиран меѓу 700-те врвни универзитети во светот. Договорот е потпишан како дел од Програмата за мобилност ЕРАСМУС на Европската комисија и им овозможува на студентите да следат еден семестар на овој универзитет и да се стекнат со додаток на диполома.
             
             
western carolina180x75           Универзитетот на Западна Каролина од САД има потпишано договор за соработка со основачот на ИКС, Високата школа со кој се предвидуваат можности за заеднички студии, истражувања и обуки и за студиска размена. Примарната цел е да се воспостават програми за размена на студенти и професори, на академски и истражувачки информации, како и други образовни активности од заеднички интерес.
             
             
logo eng ljubljana           Факултетот за општествени науки при Универзитетот од Љубљана, кој е меѓу 500-те најдобри на Шангајската листа, има потпишано договор за соработка со основачот на Институтот, Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции.
             
             
tirana           Одделот за новинарство и комуникации при Универзитетот од Тирана има потпишано договор за соработка со основачот на Институтот, Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции.
             
             
logo baljaluka           Основачот на ИКС, Високата школа со договорот за соработка со Колеџот за комуникации „Капа Фи“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина воспоставуви можности за студиска размена, развој на заеднички студии, истражувања, обуки и други едукативни програми помеѓу двете образовни институции.