Организации

unesco   Магистерските студии на Институтот за комуникациски студии се реализираар под чадорот на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање. основана во 2011 година при основачот на ИКС, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Катедрите на УНЕСКО (UNESCO Chairѕ) и универзитетските мрежи (UNITWIN networks) имаат примарна цел да ги зајакнуваат капацитетите на високообразовните и истражувачките институции, преку размена на знаење и споделување искуства, во духот на меѓународната солидарност.
     
     
gampil   Развивањето на Програмата за медиумска писменост на ИКС се зајакнува со вмрежувањето на неговиот основач, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Глобалната алијанса за партнерства за медиумска и информациска писменост (Global Alliance for Partnership on Media and Information Literacy - GAPMIL), иницирана од УНЕСКО, Алијансата на цивизации при ОН (UNAoC), УНИЦЕФ, Фондацијата Отворено општество, ИРЕКС, Европската Комисија и други агенции при ОН.
     
     
ejc001   Европскиот новинарски центар дава поддршка и е партнер во различни проекти кои ИКС ги реализира за унапредување на состојбата во новинарството и медиумите, како во рамки на неговата Програма за медиумска писменост.
     
     
unicef   Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје го поддржа конкурсот „Изрази се преку медиумите“ којшто таргетира талентирани средношколци во областа на медиумите и се реализира во рамки на Програмата за медиумска писменост на ИКС.
     
     
  ИКС соработува со Македонскиот институт за медиуми во промовирањето, развојот и примената на професионалните и етичките стандарди во областа на новинарството и медиумите, како и во унапредувањето на вештините и знаењата на медиумските професионалци.
     
     
  Институот за комуникациски студии и Центарот за истражувачко новинарство „Скуп“ соработуваат на оставрување на заедничките цели за развивање на професионалните стандарди во медиумите и особено во унапредувањето, поддршката и поттикнувањето на истражувачкото новинарство.
     
     
 

Друштвото за истражување М-Проспект и ИКС потпишаа договор за реализирање на заеднички истражувачки проекти со кои се придонесува во заштитата, професионализацијата и унапредувањето на комуникациите и односите со јавноста.

     
     
  Институт за демократија „СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС“
     
     
  Младински образовен форум
     
     
  ЕЛСА Македонија
     
     
  НВО НОВУС